Еден од гледачите на Парадата на победата на Црвениот плоштад на 9 мај го сними преминувањето на техниката со специјална камера за термална обработка на слика со приклучок за смартфон и ги објави снимките на Интернет. Овие кадри го декласификацираа топлинското зрачење на најсовремените тенкови Т-14 „Армата“, модернизираниот Т-72Б3, борбената машина на пешадијата „Курганец-25“, БМП-3, оклопните транспортери „Бумеранг“ и „Ракушка-М“, најновите самоодни 152-милиметарски хаубици „Коалиција-СВ“ и оклопните возила „Тајфун-К“ и „Тигар-М“.
Чуда, како што се и очекуваше, не се случија. Практично целата техника „се појави“ на „пистата“. При тоа јасно се гледа топлинската разлика помеѓу создадените по „класична“ технологија машини и современите примероци.
Видео со техника во инфрацрвени спектар
Ако ги набљудувате тенкови Т-72Б3, БМП-3, оклопните возила „Тајфун-К“, „Тигар-М“, ракетните комплекси Бук-М2У и „Панцир-С“, топлинското поле од моторите што работат, трансмисиите и подножјето би ја издале оваа техника на бојното поле на десетици километри. А, тоа значи дека тие можат да бидат не само откриени со термовизор, но и пресретнати од современи противтенковски проектили. Такви, на пример, се американските FGM-148 Javelin, производство на концернот Raytheon и Lockheed Martin. Ова е првиот во светот сериски противтенковски ракетен комплекс (ПТРК) со инфрацрвен систем за насочување од типот IIR кој работи на принципот „пукаш и забораваш“.
Впрочем Javelin би бил бескорисен при средба со Т-14 „Армата“. Нејзиниот топлотен „портрет“ во објективот на инфрацрвената камера се покажа многу нејасно - од машината се гледа само мала дамка од издувниот систем на моторот. Тоа беше целосно потврдено од зборовите на заменик-директорот на ППЦ „Уралвагонзавод“ Вјачеслав Халитов - новиот руски тенк ќе биде направен по тајна технологија. Материјалите кои што ги прикриваат радиобрановите и специјалните бои ќе го отежнат брзото откривање во инфрацрвениот спектар ноќе, а „издлабените форми“ на куполата ќе го проголтат радарското емитување. Токму така, како што се случува кај авионите од новата генерација на F-22 Raptor и Т-50.
Но, и со тоа можностите на тенковите за маскирање и опстанок во одредена област не се исцрпуваат. За Т-14 специјално е создадена маскирна наметка „Мантија“. Тоа е меко платно, кое комбинирајќи ги функциите на маскирниот материјал кој ги спречува радиобрановите „Накидка“ и решеткасти антикумулативни екрани, кои обезбедуваат заштита од прецизно противтенковско оружје и средства за блиска борба - рачни противтенковски гранати.
Принципот на работа на „Мантија“ е многу едноставен - со неа се покриваат тенкови, БМП или друга блиндирана техника. Материјалот на „Мантија“ е развиена по принципот на тројната заштита: проголтување на брановите, а истовремено ги одразува и ги расејува и така ефикасно ја намалува можноста подвижни предмети да биде откриени. Фактички топлотната позадина од моторите што работат се намалува до природното ниво, правејќи ја техниката размачкана. Како резултат на тоа, машината престанува да биде видлива за самонасочувачките глави на Javelin, како впрочем и за секоја друга ракета ориентирана на уништување на целта по топлинско зрачење.
Ветеранот на тенковската војска и уредник на списанието „Арсенал Отечетва“ Виктор Мураховски вели дека во денешно време не е доволно само засилувањето на браникот на борбените машини или тие да се произведуваат со тајна технологија. Современата заштита на техниката е комплекс од решенија, кои се состојат од мноштво елементи: почнувајќи од браникот, решеткастите екрани, електронските системи, па се до специјалните невидливи наметки.
Ако се споредува Т-14 со западните модели, конструкторите зборуваат за 25-30% супериорност над американскиот Abrams, францускиот Leclerc и германскиот Leopard 2. Главната карактеристика на тенкот е празната купола: екипажот управува со топовите далечински од изолирана блиндирана капсула. Резервоарот располага со нов дизел мотор со моќност 1500 КС, нови 125-милиметарски топови 2А82. Претставниците на фабриката го истакнуваат и неговиот уникатен повеќеслоен композитен оклоп.
Машините од фамилијата „Армата“ се опремени со ултравиолетови пеленгатори кои откриваат гранати и ракети според јонизирачка воздушна трага од моторот што работи. На база на добиените податоци комплексот за активна заштита на тенкови „Афганит“ ја уништува целта со помош на специјален проектил или крупнокалибрски митралез. Конструкторите објавија дека најновите пеленгатори го откриваат не само УВ-зрачењето на самата цел, но ракети и гранати кои прелетуваат во близина, а исто така ги откриваат и експлозиите наоколу. Благодарение на тоа работата на системот не зависи од различни природни пречки и таа со висока точност може да распознае опасни цели од безбедни.
Но, како што заклучуваат експертите со кои разговараше „Руска реч на македонски“, допрва сите овие боречки квалитети на Т-14 „Армата“ треба да се потврдат во вистински борбени дејства.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче