Су-24
Sukhoi.org1. Су-24 е суперсоничен бомбардер наменет за акција во сите временски услови, а е конструиран во СССР кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години од минатиот век.
2. Овој авион е двомоторен двосед со променлива геометрија на крилата, конструиран да извршува задачи како тактички бомбардер. Ова е првото советско летало опремено со интегрален дигитален систем за навигација и напад.
3. Иако НАТО на овој авион му го даде прекарот „мечувач“, советските екипажи наскоро го нарекоа „куфер“ поради разновидноста и количеството оружје што го носи.
4. Неговото појавување во Источна Германија во 1979 година и очигледниот технолошки напредок предизвикаа загриженост кај разузнавачките служби на земјите од НАТО. Стравот на земјите од Западот беше дополнително зголемен поради верувањето дека овој модел на „Сухој“ има турбомлазни мотори кои му овозможуваат поголем дострел.
5. Советското воено воздухопловство има користено определен број апарати Су-24 во Авганистан во 1984 година, а овој авион е користен и во воените операции во Чеченија во деведесеттите години од минатиот век.
6. Су-24 се користи во вооружувањето на Алжир, Ангола, Азербејџан, Белорусија, Иран, Казахстан, Либија, Украина, Узбекистан и, секако Русија. Освен тоа се користел и во военото воздухопловство на Ирак.
7. Русија поседува 577 вакви авиони, од кои 477 се на служба во военото воздухопловство, додека 130 летала ги користи воената морнарица.
8. На 10 април 2014 година еден Су-24 го шокираше екипажот на американскиот ескадрен миноносец кој пловеше по Црното Море, со тоа што неколку пати пролета веднаш над бродот. Американскиот ескадрен миноносец тогаш се повлече од областа покрај руските територијални води.
9. Постоечките модели Су-24М и Су-24МК се модернизираат, па на тој начин ќе се продолжи нивниот век на употреба. Модернизацијата се однесува на вградување на глобалниот навигациски систем ГЛОНАСС, мултифункционални дисплеи, генератори на дигитални мапи и најново вооружување како што е ракетата воздух-воздух Р-73 (според НАТО класификацијата AA-11 Archer). Подобрената верзија на леталото ја носи ознаката Су-24М2
10. Британското Министерство за одбрана на 10 декември 2014 година изврши ревизија на плановите за одбрана на Фокландските острови (Малдиви) врз основа на пишувањата на британските медиуми дека Русија ѝ понудила на Аргентина 12 бомбардери Су-24 во замена за испорака на прехранбени производи, како што се говедско и пченица. Британскиот таблоид „Сан“ објави дека станува збор за наводен план на Аргентина со помош на Русија да го врати островот под своја власт. Аргентинската влада одговори дека „никогаш не разгледувала“ можност за изнајмување руски авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче