Обединетата корпорација за производство на мотори (дел од државната корпорација Ростех) успешно го изврши првото пробно статично придвижување на новиот модел на моторот за ловци Т-50 (ПАК ФА).
Покрај пробниот примерок на моторот, посебно се направени и гасни генератори за новиот мотор.
Сега ловецот Т-50 го користи првиот модел на моторот, односно модернизираната варијанта на моторот Ал-41.
Според Павел Булат, стручњак за авионика и раководител на групацијата „Купол“, тој е сличен на моторот на авионите Су-27, Су-30 и на другите модели од оваа серија, иако е модернизиран.
„Моторот за авионот Т-59 е во голема мера модернизиран во споредба со постарите модели зашто има најсовремен систем за управување, компресори итн. Сепак, тој сè уште не одговара на општоприфатените показатели на ловците од петтата генерација е мошне забележлив на екраните на радарот“, вели експертот.
Најновиот модел на моторот е еден од најмодерните на светот, истакнува Булат. Благодарение на него, Т-50 ќе може суперсонично да крстосува без примена на форсажно согорување на горивото.
„Мислам дека тоа ќе биде со брзина на 1.6 маси. Тоа е некаде околу 2.000 километри на час во зависност од теренот над кој лета авионот. Благодарение на новиот мотор ќе биде потешко да се детектира Т-50 на радарите, а тоа се должи на композитните материјали“, додава Булат.
Конструкторите ќе го тестираат моторот на самиот авион по една или една и пол година. Целосната интеграција на новиот мотор во овие авиони може да се очекува во 2020 година.
Покрај моторот сега треба да се довршат две работи. Треба да се усоврши радарската станица и да се отстранат последните недостатоци во концепцијата на конструкцијата, која спаѓа меѓу најсовремените на светот во моментов“, вели аналитичарот.
Арсеналот на новиот авион содржи топ 9-А1-4071К, инаку еден од најлесните во својата класа. Топот е предвиден за онеспособување оклопни возила или блиндирани непријателски објекти. Во еден лет пилотот може да испука 150 проектили.
Новото оружје е модификација на авионскиот топ ТШ-301 со една цевка за руските ловци и за тактичките бомбардери.
Идните ловци од петтата генерација Т-59 ќе имаат и фугасно-распрскувачки и термобарни бомби, изјави на 22 септември генералниот директор на концернот „Техмаш“ Сергеј Русаков.
Според него, за Т-50 сега се разгледуваат фугасно-распрскувачки запаливи авионски бомби ОФЗАБ-500 и термобарната авионска бомба ОДАМ-500ПМВ кои се применуваат во сириската операција на Руската Федерација. Производителите на оружје веќе направија партија проектили за идните тестирања.
Според програмата за модернизација на вооружувањето на руската армија до крајот на оваа години војската ќе добие партија од 12 ловци Т-50. Новиот договор за испорака на авиони од петтата генерација ќе биде разгледан од страна на Министерството за одбрана кон крајот на 2016 година. Тогаш воениот врв треба да определи колку авиони му се потребни.
Најновиот руски ловец е конструиран како конкуренција на американскиот модел F-22 Raptor. Но, Американците својот модел веќе го применија во воените дејствија во Ирак.„Ту-50 влегува во сериско производство многу подоцна од 'Американецот'. Тоа дава можност да се испитаат сите предности и мани на постојниот американски модел и тие да се земат предвид за време на создавањето на рускиот авион. Слична беше ситуацијата кога беше конструиран повеќенаменскиот ловец од четвртата генерација Су-27. Прототипот на рускиот авион се појави многу подоцна во однос на американскиот F-16, така што се земени предвид сите недостатоци на американскиот модел од истата класа. Благодарение на околностите популарната руска 'сушка' излезе подобра од 'Американецот' според борбените карактеристики“, вели за „Руска реч на македонски“ професорот од Академијата за воени науки Вадим Козјулин.Како што истакна рускиот експерт, Т-50 може да користи цел спектар постоечки високопрецизни ракети од класата „воздух-воздух“ како и сите насочувачки бомби.„За Т-50 во рамките на концепцијата стелт се прават специјални ракети со квадратен пресек, што овозможува во авионот да се 'спакуваат' повеќе проектили кои можат да бидат искористени за време на извршувањето борбени задачи“, додава експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче