Су-30СМ
Евгениј Епанчинцев / РИА НовостиПо 2014 година Москва изврши модернизација на целиот спектар вооружување на полуостровот: од крајбрежните ракетни комплекси и системите за ПВО до бродовите и подморниците со крстосувачки проектили „Калибар“.
Експертите се на мислење дека Русија се однесува одговорно кон повторното вооружување на полуостровот поради неговата стратешка важност за одбранбената способност на земјата.
По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година базата на морнарицата во Крим беше дадена под наем на Москва, но секое обновување, од бродскиот состав до последниот куршум, мораше да помине во парламентот во Киев.
Според зборовите на поранешниот главен командант на Црноморската флота Игор Касатонов, политиката на Украина во овој период се сведувала на протерувањето на Русија од Крим. Но, откако во 2014 година полуостровот стана дел од РФ, ситуацијата се промени и почна голема реформа на флотата.
„Ние веднаш се зафативме со обновувањето на составот на Црноморската флота со бродови од серијата 11356 и со дизел-електрични подморници по проект 636.6 Варшавјанка. Сите тие беа опремени со ракети од типот Калибар и веќе учествуваа во сириската кампања“, вели офицерот.
Но, тоа се само дел од оружјето што беше распоредено на Крим.
Минатата година во регионот беа испорачани стражарски бродови од „адмиралската“ серија 11356 опремени со ракети Калибар, кои уништуваат цели на растојание до 2.600 километри. Само половина година по почетокот на службата дел од нив се приклучија на операцијата на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ во Сирија.
Во 2015 година на Црноморската флота беа додадени два мали ракетни бродови од проектот 21631 „Бујан-М“. Тоа се повеќенаменски бродови кои, за разлика од своите „големи“ соработници, можат да дејствуваат во плитководните и крајбрежни области на Црното и на Средоземното Море. Тие се опремени со артилериски лансери А-190, зенитни комплекси „Дует“ и со противбродски ракети „Оникс“.
Како нивно дополнување се ракетно-артилериските бродови за крајбрежната морска зона по проект 22800 „Каракурт“, а исто така и спасувачки пловила и морски реморкери. Покрај тоа, во 2018 година предводникот на Црноморската флота - гардискиот ракетен крстосувач „Москва“ - ќе биде испратен на модернизација.
Генерално Црноморската флота добива повеќе од 40 брода и пловила за поддршка, а во бројки во 2016 година таа добилa повеќе пловни средства, отколку која било друга руска флота.
Во октомври 2016 година на служба во регионот дојде шестата дизел-електричнa подморница од проектот 636.3 Варшавјанка со крстосувачки проектили Калибар. Но, купување на оружјето ја претекна изградбата на инфраструктурата за него.
На овој начин, во моментов во Новоросијск (1.500 километри јужно од Москва) сè уште е во тек изградбата на последните пристаништа за овие подморници. И засега во пристаништето се наоѓаат четири од нив, а другите две треба да се на дежурство во морето.
„Уште еден минус на новата база се географските услови - таа е подложна на ударите на северните кавкаски ветрови. Нивните налетите можат да достигнат сила, способна да ги уништи крајбрежните згради и дури да исфрли брод на брегот“, вели полковникот во пензија и воен аналитичар на ТАСС Виктор Литовкин. Според него Русија гради дополнителен тунел во Кавкаските планини, за да ја намали заканата од деструктивните ветрови.
Една година по припојувањето на полуостровот кон Русија на вооружување дојдоа 30 тешки повеќенаменски борбени авиони од генерацијата 4 ++ Су-30СМ. Машината може да детектира и да следи до 15 воздушни цели, да испукува кон четири цели истовремено.
При тоа, борбената маса на авионот може да достигне 8 тони. На 12 јазли можат да бидат поставени управувани проектили „воздух-воздух“, самостојни авионски бомби и друго. Во перспектива овие машини треба да ги заменат бомбардери Су-24 кои се распоредени на полуостровот.
На почетокот на годината небото над полуостровот беше „затворено“ со комплексите за ПВО С-400. Во прилог на нив во регионот беа префрлени ракетно-топовските комплекси „Панцир-С“. И според зборовите на воените експерти во најскоро време противракетниот „чадор“ ќе биде дополнет со системи „Бук-М2“ и „Тор-М2“.
Од морето во насока на Босфор Русија се прикрива од противракетни комплекси „Бастион“ и „Бал“. Тие се опремени со досонични нисколетачки ракети Х-35, кои можат да уништуваат цели на растојание од 130 километри во сите временски услови.
„Крим е стратешки пункт за одбранбената способност на Русија. Кој го контролира полуостровот, тој ја контролира и целата акваторија на Црното Море и настаните на територијата на околните држави. Во секој момент Русија може да ја изнесе флотата и да ја прекине веројатната интервенција што им се одвива „под носот“, вели воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.
Според него „постсоветскиот застој“ и затегнатата атмосфера на меѓународната сцена го принудија Министерството за одбрана на РФ да изврши привремена модернизација на целата воена инфраструктура на полуостровот.
„Сега со НАТО сме се фатиле за роговите поради европскиот систем за ПРО и идната база на Алијансата на територијата на Бугарија. Ако не најдеме заеднички јазик и допирни точки, трката во вооружување во регионот може да се зајакне и тоа ќе доведе до последици за економиите на нашите земји“, смета аналитичарот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче