Руските торпеда ја преземаат контролата врз морињата

„Шквал-Е“

„Шквал-Е“

ИА „Оружие России“, Анатолий Соколов
На почетокот на октомври руските воени аналитичари изјавија дека група конструктори кои работат на ВМФ, работи на развој на принципиелно ново торпедо. Широко познатиот „Шквал“, што долго време го држеше почесното прво место според брзината и деструктивната сила на полнење, наскоро ќе го отстапи местото на торпедо „Хишник“ (предатор – заб. прев.).

Засега нема конкретни информации за тоа што претставува новото торпедо и какви се техничките карактеристики - проектот е таен. Познато е само дека со неговиот развој се занимава конструкторското биро „Електроприбор“, кое е специјализирано за производство на воздухопловна техника. Оваа околност не е случајна, бидејќи фактички се создава не само торпедо, ами и подводна ракета, чиј мотор во голема мера личи на воздухопловните аналози. Сигурно може да се зборува само за тоа дека „Хишник“ ќе ги надминува основните индикатори на познатиот претходник - торпедото „Шквал“.

Подводен рекордер

Проектираната задача за развој на принципиелно ново торпедо, способно да носи нуклеарно полнење, е наложено во СССР уште во седумдесеттите години од минатиот век. Торпедото „Шквал“ е прифатено во вооружувањето во 1977 година, но без оглед на неговата возраст, тоа и до ден денешен останува светски рекордер меѓу подводните проектили. Брзината на редовното торпедо не надминува 140 км/ч, што му овозможува на бродот да направи маневар и да избегне погодок. А, „Шквал“ практично не остава никакви шанси на противникот. Неговата брзина е речиси три пати поголема од онаа на стандардните торпеда. А, тоа значи дека целта има три пати помалку време за да изврши маневар. Имајќи ги предвид реалностите на морската борба, тоа практично значи неизбежно погодување.

Тајната на брзината на „Шквал“ се крие во специјалниот мотор на цврсто гориво. Ако обичните торпеда удираат благодарение на ротирачките перки, „Шквал“ користи реактивен удар. Специјалната конструкција на моторот овозможува да се постигне уникатен физички ефект. Околу подвижното торпедо се формира воздушна шуплина, благодарение на која проектилите се придвижуваат во вакуум при минимален отпор на водата.

Торпедото „Шквал“ и до ден денешен остануваат еден од тајните модели од производството на рускиот ВПК. Независно од тоа што се експлоатира речиси четириесет години, голем број негови технички карактеристики остануваат тајна и до сега. Неслучајно во почетокот на векот токму проектната документација на „Шквал“ беше во центарот на шпионскиот скандал во кој беше вмешан американскиот бизнисмен Едмунд Поуп. Впрочем мнозинството од обидите торпедо да се репродуцира во странство, трпат неуспех. Дури во 2005 година во вооружувањето на ВМФ на Германија се појави подводна ракета, која по карактеристиките е слична на „Шквал“. Но, таа не успеа да го надмине по брзината.

Наследството од Студената војна во XXI век

Како и многу други примероци воена техника создадени за време на Студената војна, „Шквал“ преживеале многу години по советско-американското противење. Своевремено тоа беше создадено како советски одговор на развојот на американската бродска ПВО. Советската авијација тешко може да мери сили со моќниот флота на САД, а торпедата настанати како know-how, се повикани да ја компензираат оваа слабост. „Шквал“ и сега е популарно како ефикасно средство за борба со морнарицата. Уште во 1992 година руските конструктори развија посебна извозна верзија на торпедо. До одреден степен таа отстапува од оригиналниот примерок според брзината и дострелот, но во секој случај ги надминува странските аналози.

И покрај сè, потенцијалот за подобрување на „Шквал“ е значаен. Неговиот дострел е релативно мал, како и максималната длабочина на носачот за лансирање. Тоа ја прави подморницата вооружена со „Шквал“ ранлива за активната одбрана на противникот. Огромната брзина на торпедо создава бучава, која прави тој да биде препознаен. На крајот нема ни систем за самонаведување. Сето ова очигледно е земено предвид при развивањето на „Хишник“. Она што пред 40 години беше технички невозможно, деновиве е целосно изводливо.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња