Рускиот Рис ќе го стаса BigDog на Google

Getty Images
Во Русија започнато е создавање на аналог на биоморфните роботи на компанијата Boston Dynamics (која припаѓа на Google). Нарачката за изработката на експериментално-конструкторски работи (ЕКР) за два вида вакви платформи серускиот научно-истражувачки центар „Сигнал“ кој е во состав на државната корпорација „Ростех“.

На конкурсот се пријави само една компанија, која и го доби договорот за спроведување на ЕКР во износ од речиси 80 милиони рубли. Победник е научно-производственото претпријатие „Андроиднаја техника“, која стана позната по роботот SAR-401 кој на почетокот од 2015 година му беше презентиран на претседателот на Русија Владимир Путин и кој медиумите го нарекоа „воен аватар“.

Овој пат, според документите од тендерот, научно-производственото претпријатие ќе треба да изработи за државната корпорација огромен дел од работата за проектирање две „базични платформи за обезбедување за преместување на мобилни биоморфни роботи, меѓу другото, и во сложена ситуација“. Тежината на првата платформа ќе изнесува 400 килограми (БПМБР400), а на втората до 120 килограми (БПМБР100).

Каков ќе биде Рис?

ЕКР ја доби шифрата „Рис-БП“. Во согласност со задачата платформите ќе имаат „погон на 4 лоста“, што зборува за тоа дека идниот робот ќе биде како и „ѕверчињата“Boston Dynamics, и ќе се движи на четири „нозе“.

„Андроидна техника ќе се зафати со разработка на проект за база за биоморфен робот. Во базата, освен механичкиот дел, треба да влезат и информациско-управувачки систем, апаратура за технички увид и предавање податоци, а исто така и систем за навигација и средства за управување на движењето.

Носивоста на БПМБР400 ќе изнесува до 200 килограми, а на БПМБР100 до 60. Тоа е многу помалку од можностите на американските роботи. Така, американскиот BigDog со сопствената маса која е слична на БПМБР100 може да носи товар од 150 килограми.

БПМБР400 и БПМБР100 се добри за носење средства за извидување, платформи за превоз на муниција и амуниција, уреди за пронаоѓање мински полиња, па дури и за вооружување. БПМБР400 ќе може да ги евакуира и убиените и ранетите од бојното поле.

Како и производите на Boston Dynamics, руските роботи ќе можат да се движат по сложена површина, меѓу другото и по: песок со длабочина до 10 сантиметри, трева со висина до 1 метар ( за БПМБР100 до 50 сантиметри), снег и бари со длабочина од 40 сантиметри (за БПМБР100 до 20 сантиметри), по мраз, по планински патеки итн. Притоа брзината на двата производа треба да изнесува 15 километри на час на рамнина и до 10 километри на час по нагорнина.

Тука предвидените руски роботи ги надминуваат Американците. Така, брзината на Legged Squad Support System (LS3) кој се разработува за американската војска изнесува 11 километри на час на рамнина, а неговиот прототип BigDog може да се движи до 6.5 километри на час.

БПМБР ќе минуваат од транспортна во борбена положба за една минута, а од борбена во транспортна за две. Во нив се користи мотор со внатрешно согорување, електрогенератор и акумулатори. И двете платформи притоа треба да имаат автономност од 24 часа и можност да се движат на акумулатор половина час. Освен тоа, за роботизираните платформи се предвидени доста високи барања од гледна точка на радиоелектронската заштита.

Биоморфните роботи ќе бидат добиени до 2020 година

До ноември 2016 година планирано е да се создаде и да се изврши експеримент на макетата БПМБР400. Во втората етапа, која ќе се одвива од декември 2016 до јули 2017 година ќе биде разработена конструкторската документација за подготовка на експериментални примероци. Од август 2017 година планирано е да започне првичното тестирање на роботите, а тоа ќе трае до крајот на 2018 година. Дури во периодот од јануари до јуни 2019 година планирано е да се пристапи кон државно тестирање на готовиот модел.

Следува дека во вооружувањето роботот ќе дојде дури по 2020 година. Boston Dynamics ги „дотерува“ BigDog и роботите направени на негова база веќе 10 години и засега нема причина да се надеваме дека руските претпријатија ќе го сторат тоа побрзо.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња