Курдите го предале телото на офицерот Прохоренко на руски претставници

Портпаролот на курдските одреди на народната одбрана Ридру Халил соопшти на кој начин овие единици дошле до телото на херојски загинатиот руски офицер во Сирија Александар Прохоренко и го предале на руски претставници.

Телото на поручникот Александар Прохоренко, кој херојски загина во Сирија, недалеку од градот Палмира, е предадено на руски претставници, изјави портпаролот на курдските одреди на народната одбрана Ридру Халил.

„Одредите на курдската народна одбрана на барање на владата на Руската Федерација успеаја да дојдат до телото на рускиот војник кој беше убиен кај Тадмор. По тој повод се водени преговори со претставници на „Исламската држава“  по што беше постигнат договор. Станува збор за специјална операција која имаше хуманитарна цел, а телото е предадено на претставници на руските власти“, рече Ридру Халил, кој одби да изнесува други детали.

Според неговите зборови, телото на рускиот офицер е пренесено во Русија, пишуваат денеска руските медиуми.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња