Шојбле го искритикува министерот за надворешни работи на Германија кој ги нарече маневрите на НАТО во Источна Европа „тропање со оружје“.
Во разговорите со Москва дури и сигнали за попуштање на напрегнатоста треба да содржат елементи за заплашување, изјави министерот за финансии на Германија Вофганг Шојбле. Тој ваквата критика ја упати на сметка на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер.
Шојбле изјави дека Штајнмаер направил „повеќе од реторичка грешка“ кога ги нарекол маневрите на НАТО во Источна Европа „ѕвечкање со оружје“.
Според министерот за финансии, би било добро да се размисли како да се реши кризата во Украина и да се подобрат односите со Русија,
пренесува „Взгљад“.
Германскиот министер за финансии, исто рака го искритикува и министерот за надворешни работи на земјата поради тоа што два дена по референдумот во Велика Британија за членство во ЕУ, ги повика министрите на земјите-основачи на ЕУ на состанок во Берлин.
„Оние земји што не припаѓаат на таа група беа збунети и се почувствуваа исклучено“, изјави Шојбле, додавајќи дека во сегашната ситуација треба да се направи сè за да не се дозволи продлабочување на раздорот помеѓу старите и новите членови на ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.