Медиум: Антирускиот фронт се распаѓа

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер следната недела ќе го посети економскиот форум во Санкт Петербург, иако некои земји на ЕУ изразија силно незадоволство поради оваа одлука.

Владимир Путин следната недела повторно ќе ги пречека гостите во својот роден град Санкт Петербург, пишува германскиот весник „Ханделсблат“. Таму не само што ќе се соберат шефовите на компаниите кои не беа таму претходните неколку години, како првиот човек на концернот „Сименс“ Џо Кезер, претседателот на управата на групацијата „Линде“ Волфганг Бихеле и директорот на компанијата „Унипер“ Клаус Шефер. На Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург ќе дојде и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, иако некои земји на ЕУ изразија силно незадоволство од оваа одлука, пишува германскиот весник.

„Москва е многу заинтересиран за дијалог меѓу ЕУ и Евроазискиот економски сојуз“, изјави Бихеле, кој е и претседател на Источниот комитет на германската економија. Тој и претходно се среќаваше со Путин во Москва. Раководителот на „Линде“ исто така ја пофали подготвеноста на Ангела Меркел да го поддржи овој дијалог, кој би требало да доведе до формирање на единствен економски простор од Лисабон до Владивосток.

За да се постигне единство на ЕУ за прашањето на односите со Русија, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер сака да предложи попуштање и ублажување на санкциите во случај да биде постигнат напредок во процесот на имплементација на „Минската спогодба“.

Источниот комитет го поддржува ставот на Штајнмаер и бара да „започне процесот на укинување на санкциите“. Бихеле, меѓутоа, укажува дека во моментов може да се зборува повеќе за попуштање на режимот за забрана на влез во ЕУ за руските политичари отколку за „позначително олеснување на трговските и финансиските санкции“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња