Канцеларката на Германија Ангела Меркел изјави дека поддржува создавање заедничка економска зона од Владивосток до Лисабон. Таа исто така го кажа и условот за укинувањето на санкциите против Русија.
„Јас сум за постепено зближување на Русија со европскиот економски простор, за на крај да имаме заедничка економска зона од Владивосток до Лисабон”, изјави Меркел, пренесува РТ.
Канцеларката додаде дека укинувањето на санкциите ќе биде можно во случај да биде реализирана во целост „Минската спогодба“ – усвоени законите за посебен статус и за локални избори во Донбас и обезбеден пристап на Украина до нејзините граници.
„Кога тоа ќе биде исполнето, ние веднаш можеме да ги укинеме санкциите“, изјави германската канцеларка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче