„Оние беспилотни летата кои се применуваа во Сирија, не сите, но ги имаше навистина многу, летаа на хидрогенско гориво. Односно тие можат доволно долго да останат во воздух, преработувајќи го постојано водородот, давајќи му можност да моторот да ја пополнува енергијата“, изјави соговорникот на РИА „Новости“.
Според неговите зборови, сите тие беспилотни летала со успех се вратија во Русија. Сега се вршат испитувања како се однесувала техниката во услови на жешка клима и песочни бури.
Претходно експертите повеќепати истакнуваа дека операцијата на ВКС РФ во Сирија предизвика интерес за руското оружје и потенцијалните договори за негово купување можат многукратно да ги покријат расходите за сириската кампања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче