Воено-морската флота се подновува

Извор: РИА Новости

Извор: РИА Новости

Системот за морско космичко набљудување „Лијана“е разработен специјално за бродовите на Воено-морската флота, а кои имаат ракетно оружје со далечен дострел.

Бродовите на Воено-морската флота на Русија наскоро ќе бидат дополнети со модернизиран комплекс за означување на цели, кој ги добива податоците од многуфункционалниот космички систем „Лијана“, соопштува за РИА Новости извор од воено-индустрискиот комплекс. Освен бродовите вакви комплекси ќе ги опслужуваат крајбрежните штабни комплекси, кои обезбедуваат примена на ракетно оружје. 

Топ 5 егзотични руски оружја
Воената техника само со својот изглед би требала да влева страв и трепет кај потенцијалниот непријател. Но, освен тие чувства таа предизвикува и цела една бура емоции: одушевеност од конструкторските решенија, гордост за својата држава, а понекогаш љубопитност и чудење. И сево ова е главно поради својот нестандарден надворешен изглед. „Руска реч на македонски“ ви ги претставува петте руски оружја со најегзотичен изглед.

Според податоците од отворени извори, многуфункционалниот космички систем „Лијана“ е составен од четири најнови сателити за радиолокациско набљудување, кои се базираат на висина од околу илјада километри над површината на планетата и постојано го скенираат надземниот, воздушниот и морскиот простор за постоење на непријателски објекти. 

„Неодамна на Северната флота, на еден од бродовите успешно поминаа тестирањата на модернизираниот комплекс за означување цели на море, кој добива податоци од многуфункционалниот космички систем „Лијана“. Во блиска перспектива овој комплекс ќе биде ставен во функција на Воено-морската флота на Руската Федерација“, вели соговорникот на новинската агенција. 

Комплексот е разработен специјално за бродовите на Воено-морската флота, кои имаат ракетно оружје со далечен дострел. Комплексот исто така треба да биде искористен за крајбрежните штабни комплекси, кои обезбедуваат примена на ракетно оружје, забележува изворот. 

Многуфункционалниот космички систем „Лијана“, кој е наменет за пронаоѓање подвижни морски објекти на можен противник во режим на реално време, започна да функционира  за интересите на Воено-морската флота во 2009 година. 

„Бродските комплекси кои беа создадени претходно за прием на целта имаа потреба од модернизација за успешна работа со многуфункционалниот космички систем 'Лијана'. Ова и беше направено“, вели изворот.

Активната техничка придружба на тестирањето на првиот модернизиран комплекс за покажување цели во море беше направено од соработниците на централното конструкторско биро за воена техника „Рубин“ и научно-техничкиот центар „Завод Ленинец“ (во состав на државната корпорација „Ростех“). Овој комплекс, според изворот ќе го замени системот „Легенда“ кој беше разработен во советско време (советски/руски систем за глобално сателитско космичко набљудување и определување цели).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња