САД ја запреа изградбата на станиците за калибрирање на сигналот на рускиот систем ГЛОНАСС на својата територија. Извор: Служба за односи со јавноста на НИС-ГЛОНАСС.
Од 1 јуни Русија привремено на својата територија ќе ја запре работата на предавателот на сигнали на американскиот позициски сателитски систем GPS, изјави потпретседателот на владата на Руската Федерација Дмитриј Рогозин. Тој потсети дека американската страна го стопираше процесот на усогласување на прашањата поврзани со разместување станици со предаватели за рускиот систем ГЛОНАСС на територијата на САД, додека истовремено во единаесет субјекти на Руската Федерација се разместени 19 станици со предаватели на GPS сигнал. Како што соопштува ИТАР-ТАСС, кон средината на април Рогозин ја коментираше одлуката на САД за замрзнување на изградбата на станици за калибрирање сигнали на ГЛОНАСС на својата територија и веќе тогаш изјави дека потезите на американските колеги се политички мотивирани.
„Во последниве месеци немаше никаков напредок во преговорите за разместување на системот ГЛОНАСС на територијата на САД, па затоа ние од 1 јуни можеме да ја запреме работата на GPS станиците на територијата на Руската Федерација. Рокот за решавање на ова прашање е 31 мај“, изјави Рогозин.
Вицепремиерот соопшти дека за преговорите со американските партнери веќе е формирана работна група која се состои од претставници на „Роскосмос“, на Академијата на науките и на Министерството за надворешни работи. „Ние отпочнуваме со преговори и се надеваме дека до крајот на летото ќе се најде решение благодарение на кое ќе биде можно повторно воспоставување на соработката помеѓу GPS и ГЛОНАСС, но врз принципите на паритет и на пропорционалност“, изјави тој. Рогозин нагласи дека во спротивно „соработката ќе биде запрена во целост“ и дека „од 1 септември работата на овие станици ќе биде конечно прекината“.
Во последниве месеци немаше никаков напредок во преговорите за разместување на системот ГЛОНАСС на територијата на САД, па затоа ние од 1 јуни можеме да ја запреме работата на GPS станиците на територијата на Руската Федерација. Рокот за решавање на ова прашање е 31 мај.
Дмитриј Рогозин
Како дополнителна причина за забрана на користењето на GPS послужија дефектите и прекинувањето на работата на системот кои во последно време се забележани во воздушниот простор на Украина. Кога се дозна дека во цивилните авиони над територијата на Украина сè почесто откажува GPS системот за навигација, „Росавијација“ им испрати препорака на авиокомпаниите за време на надлетувањето на соседната земја да користат навигација која не се засновува на GPS технологии.
Според податоците на Организацијата за меѓународно цивилно воздухопловство (ICAO), губењето GPS и GPWS сигнали (вториве ги предупредуваат пилотите дека авионот опасно се приближува кон земјата или се крева на опасна висина) го оптоварува вниманието на пилотот, зашто во таков случај тој е принуден да се ориентира според други аеронавигациски системи, а со самото тоа се зголемува психичкото оптоварување на целата посада.
Рогозин воедно соопшти дека Русија ќе ја прекине испораката на ракетните мотори НК-33 и РД-180 во САД доколку тие се користат за воени намени. Да потсетиме дека овие мотори се важна компонента на американската вселенска програма. Со договорот помеѓу United Launch Alliance и руско-американското претпријатие „РД-Амрос“ предвидено е за неколку години во Америка да се испорачаат 36 ракетни мотори РД-180 за ракетните носачи „Атлас 5“ кои од 2002 година се користат за лансирање комерцијални и воени сателити на САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче