Руската космичка електрана ќе се појави до 2015

Русија создаде уникатна технологија за развивање конструкции од фолија, како и за уште една неопходна компонента за изградба на соларни вселенски електроцентрали – модерни ласери кои се составени од влакна. Извор: NASA.

Русија создаде уникатна технологија за развивање конструкции од фолија, како и за уште една неопходна компонента за изградба на соларни вселенски електроцентрали – модерни ласери кои се составени од влакна. Извор: NASA.

Русија би можела да го заземе првото место на светскиот пазар на космичка електрична енергија. Таа ќе се појави кога во орбитата ќе почнат да работат мноштво соларни електроцентрали.

Руските стручњаци пронајдоа начин како максимално да ја поевтинат изградбата на соларни електростаници и нивното лансирање во вселената. Наместо крутите платформи кои тежат по неколку десетици илјади тони, тие предлагаат конструкција без костур од многу тенка фолија со еластични соларни плочи. Нејзината тежина сè на сè би изнесувала 12 микрони. 

Целото џиновско платно пред стартот се сместува во релативно мала капсула, а во космосот се отвора во рамна површина и го задржува својот облик благодарение на бавното вртење. Русија создаде уникатна технологија за развивање конструкции од фолија, како и за уште една неопходна компонента за изградба на соларни вселенски електроцентрали – модерни ласери кои се составени од влакна. На изградбата на вакви централи моментално работи главната научна установа на Роскосмос – Централниот научно-истражувачки институт за машиноградба (ЦНИИMаш).

„Гласот на Русија“ разговараше со нејзиниот главен научен соработник Виталиј Мељников.

Пилот-варијантата на вселенската електроцентрала може да се направи до 2015 или најдоцна до 2017 година

Господине Мељников, дали овој проект во ЦНИИМаш постои само како идеја или веќе е поставена задачата? 

Сè уште станува збор само за идеја. Нашиот институт е научно-истражувачки. Тој треба да произведува нешта кои воопшто не постојат во светот или нешто да усовршува. Ги собираме сите нови откритија, расправаме за нив, даваме предлози, ја известуваме управата. Потоа програмата си го чека своето време. 

Можете ли да ни кажете нешто за техничката страна, имате ли определено колкави ќе бидат димензиите на првичната варијанта на централата? 

Станицата треба да има капацитет од еден гигават. Нејзе треба да ѝ претходи демонстрациски прототип од 100 киловати на кој ќе се учиме и ќе ги поминеме сите фази на производот, а потоа ќе направиме прилично големи конструкции. Демоваријантите ќе претставуваат сателит со соларна батерија и ласерски уред кој ќе пренесува енергија на поврзан аеростат. Од него енергијата преку кабел ќе тргне кон Земјата. 

Во која орбита ќе биде лансирана централата? 

Најдобра орбита е, секако, геостационарната. Централата ќе виси над конкретна точка и ќе ја пренесува енергијата онаму каде што е потребно. 

Ако тенката фолија претставува станица, како на неа ќе можат да се прицврстат голем бој светлосни водичи, како ќе се држат тие? 

Централата ќе виси над конкретна точка и ќе ја пренесува енергијата онаму каде што е потребно

Светлосните водичи што ги имаме се исто така руска иновација. Кога се зборува за суперводичи се мисли на бакарни водичи кои илјада пати подобро ја спроведуваат енергијата одошто обичен водич. Но, зошто тој мора да биде метален? Нашите влакна кои имаат размер од 200 микрони, односно имаат дебелина колку жилет, пренесуваат 50 киловати енергија. Зарем тоа не е суперспроводливост? Трипати повеќе одошто бакарот. И таквиот водич како што се влакната минуваат низ целата централа. Не е тешко тој да се прицврсти на фолијата.

Кога, според вас, може да се организира лансирање на пилот-проектот на централата со површина од неколку илјади квадратни метри во вселената? 

Пилот-варијантата може да се направи до 2015 или најдоцна до 2017 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња