Зоолошка градина во космосот

Монголски гербили (Meriones unguiculatus). Извор: Alamy / Legion Media.

Монголски гербили (Meriones unguiculatus). Извор: Alamy / Legion Media.

Во петок од космодромот Бајконур во космосот замина сателитот „Бион-М1“, прв космички апарата за биолошки истражувања со животни по оној од 2007 година. Во рамките на проектот со апаратот на орбитата ќе биде испратена цела „зоолошка градина“. Ви го претставуваме списокот на главните „патници“ на „Бион“.

Монголски гербил - ветеран 

Монголски гербили (Meriones unguiculatus) – Осум животни се испратени на едномесечен лет. Научниците ги избрале за космонаути заради малата тежина (тие тежат по 40-50 грама), а исто така и заради нивната скромност во споредба со глувците – сево ова дозволува во голема мера да се намали масата на експерименталниот уред. 

За овој вид глодари ова е втор лет во космосот – гербилите веќе имаат летано на орбитата две недели во 2007 година на сателитот „Фотон-М3“. Имајќи предвид дека животниот век на гербилите изнесува околу 2-2.5 години, едномесечниот лет за нив ќе биде како неколку години во космосот за човекот. 

Трансгенетски глувци – космонаути 

Генетски чисти глувци (Mus musculus) – На „Бион“ има 45 таканаречени „трансгенетски глувци“, чиј ген внимателно се контролира. „Тоа се црни глувци од линијата С57black/6, секој од нив има свој генетски пасош, тие се специјално создадени за молекуларно-генетски испитувања. Досега не сме испраќале ваков вид глувци во космосот. Ова е прв експеримент“, изјави заменик-раководоителот на „Бион“ Евгениј Илин од Институтот за медицинско-биолошки проблеми при Руската академија на науките. 

Според него за време на летот научниците ќе го следат однесувањето на глувците со помош на специјални видеокамери, ќе им биде мерен пулсот и крвниот притисок. А, по летот апсолутно сите нивни ткива и органи ќе бидат изучени долж и попреку. Освен тоа ќе бидат проучувани и генетските измени под влијание на бестежинската состојба. 

И кај гербилите и кај глувците се испратени само мажјаци. 

Гекони со нановлакненца 

Гекони (Chondrodactylus turneri) – 15 вакви влекачи им се соседи на глувците на „Бион“. Геконите, како и гербилите се ветерани во космосот, нивни роднини исто така имаат летано на „Фотон“. „Ова е удобен, скромен објект за изучување“, забележува Илин. 

На прстите на геконоте се наоѓаат нановлакненца, кои им дозволуваат на овие гуштери буквално да „се лепат“ на која било површина, па дури и на стакло. „На геконите ние можеме да ја провериме хипотезата за улогата екстремитетите за поддршка при неблагопријатни промени“, изјавува научникот. 

Странски риби

Риби (Oreochromis mosambicus) – Циклидите во специјалниот аквариум „Омегхаб“ се единствените „странци“ на „Бион“. Во рамките на експериментот подготвен од германските научници под раководство на доктор Рејнхард Хилбиг од универзитетот во Хоенхајм, на орбитата е испратен цел екосистем. 

Во аквариумот Omegahab-B1 се наоѓаат и водни растенија (роголист – Ceratophyllum), едноклеточни алги-еуглени, кои произведуваат кислород. Како храна за циклидите ќе послужат слатководните мекотели Biomphalaria glabrata и ракчињата Hyalella azteca. 

„Овие експерименти се прават во интерес на создавање идни биолошки системи кои ќе обезбедуваат животни услови за космичките екипажи, кои ќе прават повеќегодишни летови“, појасни Илин. 

Полжави со вртоглавици 

- На „Бион“ во два контејнери исто така полетаа и лозовите полжави Helix pomatia Linnaeus, на нив научниците ќе ги проучуваат реакциите на гравирецепторите (аналог на вестибуларниот апарат кај човекот). 

Освен тоа, научниците ќе ги проучуваат и микроорганизмите, ќе ја истражуваат издржливоста на лишаите и на растителните семиња во услови на космичкото пространство. 

... И бродот 

Сателитот „Бион-М1“ е создаден во централното специјализирани конструкторско биро „Прогрес од Самара, а во основата на неговата конструкција лежат технички решенија кои се користени уште за вселенскиот брод „Восток“, а потоа и за фоторазузнувачките сателити „Зенит“. Од 1973 до 1996 година лансирани се 11 вакви апарати. На снимките од овие сателити убаво се гледа познатото „топче“, тркалезен уред што се спушта. Имено во него се наоѓаат живите организми и апаратурата кои се враќаат на Земјата. 

Вкупната тежина на научната апаратура во и надвор од „топчето“ е околу 650 килограми, а целиот апарат тежи 6.84 тони, а од космодромот Бајконур во орбитата го однесе ракетата „Сојуз-2.1а“. На сателитот „Бион“ друштво во орбитата му прават и сателитот „Аист“, создаден од страна на студентите на Самарскиот аерокосмички универзитет, апаратите Beesat-2, Beesat-3 и SOMP, разработени на Берлинскиот технички универзитет, а исто така и американскиот сателит за обработка на технологии за далечинско сондирање на Земјата DOV-2. 

Во апаратот има слободен обем (околу 3.3 кубни метри), во кој заедничкиот за сите „патници“ систем за обезбедување на животни услови дава неопходна за животот концентрација на кислород, температура од околу 24 степени и влажност од 40 до 70 отсто. На леталото се применува „екваторијален“ распоред: 12 часа ден, 12 часа ноќ. Големите животни се набљудувани со видеокамери, меѓу другото и инфрацрвени.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња