Новиот тенк за градска борба: поправка на грешките

Извор: uvz.ru

Извор: uvz.ru

Министерството за одбрана на Русија нарача тенк за градска борба. Како што изјавија за „Известија“ од воениот ресор, станува збор за комплети на модернизација на оние што се користат на борбените полиња Т-72 и Т-90, кои ќе ги штитат од стрелби тесните улички на градските квартали и ќе дозволат да се надминат пречките и барикадите.

Долниот дел на тенкот ќе биде зајакнат со блиндирани парчиња за заштита од мини и бомби поставени на патот, а околу костурот ќе биде поставена специјална решетка, која ќе ги детонира главите на преносните тенковски комплекси пред тие да дојдат во допир со оклопот.

- За надминување на барикадите градскиот тенк ќе биде снабден со дигалка на булдожер. Вакви комплети засега постојат само на американските TUSK (Tank urban special Kit). Освен тоа, долниот дел на тенкот ќе биде зајакнат со блиндирани парчиња за заштита од мини и бомби поставени на патот, а околу костурот ќе биде поставена специјална решетка, која ќе ги детонира главите на преносните тенковски комплекси пред тие да дојдат во допир со оклопот, изјави за „Известија“ претставник на Министерството за одбрана.

Сега Главната автоблиндирачкотенковска управа ги подготвува тактичко-техничките барања и задачи за ваквиот комплет. Работата треба да биде завршена до крајот на ова лето, по што ќе биде објавен тендер за разработка.

Веќе сега се знае дека борбената машина со комплет за градска борба треба да ја има истата издржливост како РПГ-7 и РПГ-9, а исто така треба да издржи и експлозија на бомби од неколку десетици килограми тротили. Во новиот комплет исто така ќе влезат дополнителни блокови за динамичка заштита (блокови со експлозив, кои ги исфрлаат проектилите по погодокот).

Во новиот комплет исто така ќе влезат дополнителни блокови за динамичка заштита (блокови со експлозив, кои ги исфрлаат проектилите по погодокот).

Според замислата на воените лица, комплетот за градска борба треба да се монтира на тенковите во краток рок. 

- На пример, баталјонот ќе ја поддржува пешадијата во градот. Од складовите ги носат овие комплети, екипажот и сервисерите ги монтираат градските комплети. По исполнувањето на задачата комплетите се демонтираат и се враќаат во складот, изјави претставник на Министерството за одбрана. 

Деловите за комплетот ги конструира научно-истражувачкиот институт „Стали“. Овој институт поседува големо количество веќе готови мостри за динамичка заштита, решеткасти екрани и други елементи. 

- Сега наша задача е да избереме оптимален комплет според критериумот „цена-ефект“. Планираме тоа да не бидат производи на парчиња, туку масовно вооружување. Колку повеќе партии ќе има, толку поевтино ќе биде производството на градскиот тенк, изјави соговорникот за „Известија“. 

Во научно-истражувачкиот институт „Стали“ за „Известија“ објаснија дека секој комплет за градска борба ќе го чини воениот ресор не помалку од 200 до 250 илјади американски долари. 

Офицер-тенкист од бригадата на Јужниот воен округ за „Известија“ објаснува дека за борба во град обичните тенкови не се погодни, зашто помеѓу куќите и зградите тие се поподложни на оган од непосредна близина, одошто на линиите на фронтот. Ова е една од причините за неуспехот на јуришот на Грозни во 1995 година, кога војниците ги гаѓале тенковите од покривите на зградите со рачни минофрлачи.

- Сепак првичната намена на тенковите е борба во отворена околина, а таму постојат други дистанци и други ракурси на стрелање. Основниот удар се врши е на фронталната рамнина и на растојание од 2 километри до 700 метри. Затоа најдебелиот оклоп се наоѓа од предната страна. Во градот, пак, врз тенковите може да се стрела и одзади и отстрана, каде оклопот е потенок и не на растојание од два километри, туку од неколку десетици метри. И за во целост да се уништи еден современ тенк, доволно е само еднаш да се погоди од РПГ-29, вели соговорникот. 

Но, на бојното поле градскиот комплет ќе го прави тенкот потежок, ќе го забавува маневарот и ќе ја зголемува потрошувачката на гориво. Тука се огледа причината зошто комплетот за градска борба треба да биде пренослив. 

Независниот воен експерт Алексеј Хлопотов за „Известија“ вели дека слични комплети за градска борба се разработени и активно се користат и во други држави од светот. 

Американците го имаат TUSK за М-1 „Абрамс“. Таму постојат истите детали кои се планирани во иднина за руските комплети , - дополнителен оклоп, решетки за заштита од кумулативни гранати и ракети итн. Францускиот комплет за тенкови „ЛеКлерк“ го доби називот AZUR (Action en Zone Urbaine). И Германците разработуваат ваков комплет за своите „Леопарди“. Американците активно го користеа TUSK во Ирак, а Французите сега го применуваат AZUR во Авганистан, вели Хлопотов. 

Работата за создавање комплет за градска борба беше започната во СССР во седумдесеттите години од минатиот век. Тие пред сè беа наменети за војната во Авганистан, при што беше разработен комплет за тенкот Т-62 со дополнителен оклоп и заштитни екрани. Но, со распадот на Советскиот Сојуз разработките во овој правец беа прекинати.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња