Руско „ноу-хау“ во лекувањето нерви

Илустрација: en.wikipedia.org/Quasar Jarosz.

Илустрација: en.wikipedia.org/Quasar Jarosz.

Во главниот град на Татарстан започнаа операции по нови уникатни методи. На пациентите со исхемија на долните екстремитети, со повредени периферни нерви во крвните садови повеќе нема да им биде потребно долготрајно лекување.

Подвижноста на зглобовите и чувството се враќаат само по неколку месеци. Операцијата се сведува на една инјекција и трае најмногу еден час. Затоа периодот на закрепнување се намалува за неколку пати. Спасот од инвалидитет за луѓето со заболени екстремитети е во клетките на мастите. 

Технологијата на операцијата во републичката клиничка болница е следнава: на пациентот му се зема дел од масното ткиво, во лабораторијата се извлекува клеточен концентрат и истиот ден тој се воведува во оштетениот дел. Операцијата трае максимум еден час. Концентратот функционира како своевидна фабрика – тој ги издвојува биолошките активни супстанци за брза обнова на организмот.

Во концентратот што се издвојува од масното ткиво не се содржани само матични клетки. Во тоа е и новитетот и тајната на успехот.

Ова е нов феномен во лекувањето на периферните нерви. Ниту во Русија, ниту во странство не се направени истражувања на ова поле. За лекување на вакви и слични повреди и болести во светот се користат матични клетки. Во Татарстан решија да размислуваат малку пошироко. Во концентратот што се издвојува од масното ткиво не се содржани само матични клетки. Во тоа е и новитетот и тајната на успехот. Тој не предизвикува отфрлање, алергиски реакции, не доведува до појава на рак. 

Во Татарстан овој метод е испитан на 50 пациенти. Резултатите ги зачудија стручњаците. Со оваа технологија не се вршат дополнителни манипулации со матичните клетки, зашто тие се биолошки сосема сигурни. На крајот клеточниот концентрат од живо ткиво дословно го крева на нозе пациентот за кого не се надевале дека ќе може да оди. Оние, пак, чии прсти биле неподвижни и немале чувство во нив, по инјекцијата можат цврсто да му ја стегнат раката на лекарот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња