Руски граничари спасија Украинец кој три дена пловел на душек

Патролен чамец „Собол“.

Патролен чамец „Собол“.

Михаил Мокрушин/РИА „Новости“
Граничарите на Крим спасија државјанин на Украина кој три дена беше на душек на отворено море.

Како што соопшти прес-службата на граничната управа на ФСБ на Крим, сигналот за откривање на човекот во Каркинитскиот залив службата го примила на 5 август.

Патролниот чамец кој пристигнал на самото место открил во морето млад човек на гумен душек. Граничарите го качиле човекот во чамецот и му пружиле медицинска помош.

„Се покажа дека настраданиот е државјанинот на Украина Михаил Александрович Дорошенко, роден 1998 година. Човекот беше во просечно тешка состојба и крајно истоштен“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на пограничната управа.

Настраданиот раскажал дека работел како чувар во одморалиште на подрачјето на Лазурное. Една ноќ тој решил да преспие на душек, а кога се разбудил, видел дека се наоѓа на отворено море.

Дорошенко поминал три дена без храна и вода сѐ додека не го спасија руските граничари.

Морнарите не само што го однесоа Дорошенко во болница, каде докторите му дијагностицираат топлотен удар и дехидрираност, туку и му дадоа нова облека.

Претходно беше објавено дека граничната полиција уапсила жител на Саратов кој се обидувал да дојде преку Керченскиот теснец до Крим на сплав направен од штици и пластични шишиња.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња