На Сахалин дочекани Јапонци кои со педалина сакале да го поминат теснецот

Сахалин.

Сахалин.

Lori / Legion Media.
Сите плачеа од смеа кога слушнаа што им се случило, изјави извор за порталот newsru.com.

Обидот на двајца јапонски авантуристи да го преминат теснецот Лаперуза и дојдат од пристаништето во градот Ваканаи на островот Хокаидо до брегот на Сахалин со педалина во вид на лебед заврши со неуспех, пренесува newsru.com.

Обидот беше на двајца Јапонци заедно со репортерска екипа, која сакала да сними филм за нив. Љубителите на авантуридолго се подготвувале за подвигот, го опремиле своето пловило со соларни батерии, опрема за навигација итн.

Јапонците изнајмиле две бротчиња за следење на „лебедот“ од кои  еден го извлекол катамаранот од пристаништето Ваканаи. На отворено море Јапонците во повеќе наврати се обиделе да се префрлат од бротчето на својата „птица“, но таа брзо почнала да тоне.

На крајот Јапонците пристигнале на Сахалин со бротче.

„Кога Јапонците раскажуваа што им се случило, сите плачеа од смеа – и граничарите, и преведувачот, и екипажот“, изјави извор.  

Јапонците се откажале од идејата да продолжат со снимање на филмот за необичната пловидба и посакале да се вратат дома со авион, а нивниот „лебед“ ќе биде префрлен во Јапонија со брод.

Мореузот Лаперуза се наоѓа меѓу северниот краен дел на Хокаидо и јужниот дел на Сахалин. Ширината на мореузот кај најтесниот дел е 43 километри, а просечната длабочина 20-40 метри, додека максималната длабочина е 118 метри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња