Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.
Mil.ru„Може да се каже дека почна експлоатацијата на оваа електрифицирана железница со две пруги, која се градеше за да се заобиколи соседна Украина“, изјави изворот, додавајќи дека сообраќајот на делницата Журавка – Милерово е веќе отворен, пренесува „Взгљад“.
Според изворот, сообраќајот ќе се зголемува и соодветните планови се реализираат од страна на Министерството за транспорт, Руските Железници и други релевантни структури.
Од друга страна, министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу ја награди со орден „Жуков“ 39 посебната железничка бригада на Вооружените сили на Русија, која учествуваше во изградбата на железницата што ја заобиколува Русија, пренесува РИА „Новости“.
Пругата на делницата Журавка-Милерово почна да се гради во 2014 година по влошувањето на односите со Украина. Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, сообраќајот на оваа линија треба да почне во август 2017 година.
Според портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков, вкупната должина на изградените пруги изнесува 277 километри. Во работите учествуваа пет бригади од Западниот, Јужниот и Централниот воен округ – повеќе од 1700 војници и повеќе од 700 единици специјална техника.
Сега, додаде Конашенков, на оваа делница се градат седум станици и се вршат подготовки за пуштање во работа.
„Министерството за одбрана на оваа делница во целост ги исполни сите поставени задачи“, заклучи портпаролот на рускиот одбранбен ресор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче