Мостот преку Керченскиот теснец ќе го поврзува полуостровот Крим со континентална Русија.
Виталиј Тимкив/ТАССПратеникот во Државниот совет на Крим Владислав Ганжара во разговор со RT ја карактеризираше изјавата на шефот на Министерството за правда на Украина како несоодветна.
„Изјавата, несомнено, е несоодветна. Тоа покажува дека, за жал, украинската држава сѐ уште не е подготвена да ја признае објективната реалност што постои. Во нивните умови тие живеат во помрачена состојба. Тие велат дека Кримскиот мост нема да биде изграден – тоа е уште една празна реторика против нашата република“, изјави тој.
Ганжара потсети дека поголемиот дел од мостот до Крим преку Керченскиот теснец е веќе изграден и истакна дека никакви изјави од Киев нема да го изменат тој факт.
„Денес делот за моторен транспорт на мостот е веќе 70% готов. И ние сме длабоко убедени дека првиот негов дел ќе биде пуштен во работа во 2018 година, а вториот - до 2019. Изградбата не само што тече според планот, дури и малку е понапред од распоредот. Во оваа смисла од страна на Украина мислам дека ќе слушнеме повеќе од една агресивни изјави. Но тие никако не влијаат ниту на ситуацијата на Крим, ниту на изградбата на мостот", заклучува пратеникот.
Украина веќе подготвува тужби против Русија поради наводно ограничување на бродската пловидба.
Министерот за транспорт на Русија Максим Соколов ги демантираше изјавите на украинската страна.
Кримскиот мост ќе се состои од автомобилски и железнички дел. Се планира во 2018 година да биде отворен за движење на моторни возила, а за железнички транспорт во 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче