Украински министер одбива да верува во Кримскиот мост

Кримскиот мост.

Кримскиот мост.

www.most.life
Министерот за правда на Украина Павел Петренко изјави дека не верува во способноста на Русија да изгради мост на Крим.

„Ниедна меѓународна компанија која држи до себе нема дури ни шрафче или навртка да стави таму, затоа што ризикува да го загуби својот бизнис на територијата на ЕУ, САД, Јапонија – во земјите кои се приклучија на санкциите против Русија поради Крим. Односно, според моето длабоко убедување, тој проект практично нема перспектива“, изјави Петренко во интервју за „Обозреватељ“.

Тој додаде дека ја смета Русија за неспособна самостојно да реализира голем инфраструктурен проект. „Русија не може нормално да изгради и помали објекти по размер. Знам дека по Олимпијадата во Сочи веќе почнаа да уриваат цели стадиони. Затоа, сметам, најдобрата алатка во оваа ситуација се санкциите против компаниите кои се покажаа толку кратковиди да се приклучат на тој проект“, истакна украинскиот министер.

На 31 јули градителите го завршија поставувањето на лакот на автомобилската арка на Кримскиот мост. На крајот на јуни беше соопштено дека изградбата на мостот преку Керченскиот теснец е реализирана за повеќе од 50%.

Кримскиот мост ќе ги поврзе Кримскиот полуостров и Краснодарскиот крај. Вкупната должина ќе изнесува 19 километри, со што ќе стане најдолгиот мост во Русија, пишува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња