Зошто разузнавачите не ги даваат на колегите податоците за терористите?

Getty Images
Светските лидери ветуваат дека ќе се приклучат на борбата против тероризмот, но офицерите на разузнавачките служби ги штитат своите извори.

Разузнавачките служби од целиот свет ги учат агентите да ни ги откриваат изворите по ниту една цена, дури и доколку нивните сојузници се изложени на опасност.

Терористичкиот напад на арената во Манчестер ја изненади британската разузнавачка служба. Не треба да се исклучи можност дека ни разузнавачките служби од други земји не поседувале информација која би можела да ја спречи оваа трагедија.

Мошне е веројатно истото да се каже и за експлозијата во санктпетербуршкото метро. Колку и да звучи цинично, агентите на специјалните служби ретко ги откриваат драгоцените информации на странските партнери, дури и доколку се во опасност човечки животи.

Зошто „изворот“ вреди повеќе од човековиот живот?

Разузнавачките служби од целиот свет собираат информации за плановите на терористите преку свои „извори“, односно тајни агенти. Добиената информација се испраќа во националните бази на податоци од каде полицијата добива податоци за сомнителни лица. Во Европа ваквите бази на податоци се дополнуваат и преку заедничкиот Шенгенски информациски систем.

Проблемот на ваквите системи е во тоа што активен терорист е тешко да се открие во премногу голема маса податоци доколку вниманието на националната разузнавачка служба не го обрне сопствениот извор или колегите од разузнавачките служби на другите земји.

На Салман Абеди му било судено неговото име да се најде на списокот на лица осомничени за радикални ставови, но очигледно дека никој од сојузниците на Велика Британија не им обрнал внимание на британските колеги за неговите планови.

Разузнавачките служби ретко ги проследуваат ваквите информации на трети земји од една проста причина: ширењето на навистина вредни информации од теренот (на пример за местото и времето на планираниот терористички напад) може да го загрози изворот кој дошол до нив.

Професионалните разузнавачи знаат дека доколку сојузниците ги проследат информациите од теренот, со тоа самите ќе се изложат на голема опасност поради својот извор. Едно е доколку станува збор за врбуван член на ИДИЛ, а сосема друга работа е доколку станува збор за офицер кој е специјално уфрлен во терористичката организација.

Уфрлањето на свој агент во редовите на терористите за специјалните служби е мошне сложена задача. Ретко кој професионалец ќе посака со години да го ризикува својот живот за да спаси неколку странски државјани. Колку и да звучи цинично, во очите на поголемиот број офицери на специјалните служби дваесетина човечки животи се прифатлива цена за зачувување на каналот на информации кој во иднина може да спаси стотина и илјада државјани на нивната земја.

Секако, специјалните служби на блиските сојузници (како што се САД и Велика Британија) сепак разменуваат информации, но проблемот е во тоа што често таа информација се „шлифува“ и се скратува за да се скрие нејзиното потекло, а со тоа и да се заштити „изворот“.

Координациски антитерористички центар

Во случајот со терористичкиот напад во Манчестер сосема е можно Американците навистина да ја известиле британската разузнавачка служба за опасноста која се заканува од Салман Абеди, но најверојатно дека драгоцените податоци од теренот се проследени во облик на кратка безлична информација која можела лесно да се изгуби во одделението каде се обновуваат антитерористичките бази на податоци. Мошне е веројатно дека овој важен податок едноставно не стасал до антитерористичките единици.

Крајниот корисник ќе може да ги добие потребните информации само доколку на меѓународно ниво се формира специјална компетентна група на координатори кои можат да остваруваат контакт со единиците на специјалните служби на сите заинтересирани земји.

Тероризмот може да се спречи токму со создавање глобален центар каде нема да работат чиновници, ами професионални разузнавачи кои се подготвени со заеднички напори да ги прикриваат изворите на информациите, да ја анализираат актуелноста на податоците и да обезбедат соработка во спроведувањето на антитерористички операции. За жал, разузнавачките служби не сакаат да ги проследуваат своите тајни на другите.

Артјом Куреев е експерт за безбедност, член на асоцијацијата „Центар за истражување на економскиот и социокултурниот развој на земјите од Заедницата на независни држави, Централна и Источна Европа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња