Експлозиите во метрото во Санкт Петербург: што се случи?

Жителка на градот пред метро-станицата „Сенаја плошчад“, каде на делницата до станицата „Технолошки институт“ во вагон на метрото се случи експлозијата. 3 април 2017, Санкт Петербург, Русија.

Жителка на градот пред метро-станицата „Сенаја плошчад“, каде на делницата до станицата „Технолошки институт“ во вагон на метрото се случи експлозијата. 3 април 2017, Санкт Петербург, Русија.

Сергеј Конков / ТАСС
Во метрото во Санкт Петебург на 3 април одекна експлозија, загинаа не помалку од 10 луѓе, се разгледува верзија за терористички напад. Наводниот терористички напад се случи додека во градот престојуваше претседателот на Русија Владимир Путин.

Експлозијата во метрото во Санкт Петербург се случи околу 14:40 по московско време, кога возот се движеше меѓу станиците „Сенаја плошчад“ и „Технолошки институт 1“ во центарот на градот.

„Имаше заглушувачки звук на удар, потоа остар мирис, чад“ го опишува настанот во интервју за изданието „Бумага“  еден од патниците кој се возел во соседниот вагон. Возот продолжил да се движи и пристигнал на станицата, а од експлодираниот вагон луѓето излегувале преку прозорците, додека вработените во метро-службата ги извлекувале настраданите.

Националниот антитерористички комитет (НАК) официјално соопшти за 9 жртви. Еден час по експлозијата властите на Санкт Петербург во целост го затворија метрото за влез и излез и ги евакуираа патниците. Како што подоцна соопшти „Интерфакс“, сите настрадани во експлозијата биле испратени во болниците. Меѓу нив, според информациите на агенцијата, има 24 возрасни лица и 1 дете.

Поглед на итната служба пред метро-станицата „Сенаја плошчад“ по експлозиите во метрото во Санкт Петербург, Русија. 3 април 2017. Извор: РојтерсПоглед на итната служба пред метро-станицата „Сенаја плошчад“ по експлозиите во метрото во Санкт Петербург, Русија. 3 април 2017. Извор: Ројтерс

„Ги разгледуваме сите варијанти“

Изворот на „Интерфакс“ соопшти дека била активирана експлозивна направа која била оставена во вагон, веројатно, полна со дополнителни елементи за предизвикување поголема штета. Според информациите на агенцијата, моќта на експлозиите била „релативно мала“: 200-300 грама ТНТ. Генералното обвинителство подоцна го нарече настанот терористички напад. Според НАК, подоцна на метро-станицата „Плоштад на Востанието“ е откриена и деактивирана самоделна бомба.

Претседателот на Русија Владимир Путин, кој говореше на 3 април во Санкт Петербург на IV Форум на локалните и регионалните медиуми, изјави дека засега е рано да се зборува за причините за експлозиите. „Но, се разбира, ние ги разгледуваме сите варијанти - и во општествени, и криминални, пред сѐ, демонстрација од терористичка природа“, изјави Путин. Тој исто така потенцираше дека властите ќе ги преземат сите неопходни мерки за поддршка на семејствата на загинатите и повредените.

Извори во органите за спроведување на законот сметаат дека веројатноста за терористички напад е голема. „Со голема веројатност тоа е терористички напад, затоа што случајно да се пренесе толку експлозивен материјал во метрото (на пример, плинска боца) е практично невозможно“, изјави за „Руска реч на македонски“ извор во регионалната управа на ФСБ во Санкт Петербург. Според него, засега е нејасно дали била активирана експлозивна направа или тоа бил бомбаш-самоубиец.

Припадници на итната служба стојат до хеликоптер пред метро-станицата „Технолошки институт“ во Санкт Петербург, Русија. 3 април 2017. Извор: РојтерсПрипадници на итната служба стојат до хеликоптер пред метро-станицата „Технолошки институт“ во Санкт Петербург, Русија. 3 април 2017. Извор: Ројтерс

Соговорник на „Руска реч на македонски“ во регионалната управа на МВР РФ смета дека наводните терористи го одбрале максимално поволното време за терористичкиот напад. „Во ова време на станиците е преполно, меѓутоа нема толпа“, објасни изворот. „Премногу насобрани луѓе за терористот е неповолно поради тоа што во збиена маса на луѓе експлозијата е помалку ефективна. Неколку луѓе го примат врз себе бранот од експлозијата и шрапнелите, и жртви, колку и да е парадоксално, ќе има помалку“.

Атмосферата во градот и реакцијата

„Овде фактички се случува некаков кошмар, исто како војна“, ја опиша за „Комерсант FM“ очевидецот Александар Булеков настанатата ситуација во центарот на Санкт Петеребург. „Веќе долетаат и хеликоптери“. На петербуршкиот аеродром Пулково воведени се зголемени мерки на безбедност. Копнениот јавен транспорт привремено работи бесплатно. Медиумите соопштуваат за прекини во мобилната телефонија и огромните гужви во сообраќајот во центарот.

Покрај Владимир Путин, сочувство до семејствата на жртвите во експлозијата изрази премиерот на Русија Дмитриј Медведев, како и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, со кого Путин имаше средба во текот на која го информираа за терористичкиот напад. „Никој не ни дава мирно да живееме, затоа треба да бидеме подготвени на сѐ“, ги цитира ТАСС зборовите на Лукашенко. „Предизвиците на светов се во огромен број“.

Поглед на итните служби пред метро-станицата „Сенаја плошчад“ по експлозиите во метрото во Санкт Петербург, Русија. 3 април 2017. Извор: РојтерсПоглед на итните служби пред метро-станицата „Сенаја плошчад“ по експлозиите во метрото во Санкт Петербург, Русија. 3 април 2017. Извор: Ројтерс

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња