Путин спречи нова војна помеѓу Азербејџан и Ерменија

Претседателот на РФ Владимир Путин во Сочи најпрво одвоено поразговара со Алиев, а потоа со Саркисјан, па дури следниот ден беше одржана средба на сите тројца лидери на заедничка маса. Извор: Росијскаја газета.

Претседателот на РФ Владимир Путин во Сочи најпрво одвоено поразговара со Алиев, а потоа со Саркисјан, па дури следниот ден беше одржана средба на сите тројца лидери на заедничка маса. Извор: Росијскаја газета.

Москва се обидува да спречи нова голема војна во закавкаскиот регион. Во контекст на трагичните настани во Украина речиси незабележана остана ескалацијата на насилство во закавкаскиот регион, која за малку можеше да прерасне во нова војна помеѓу Ерменија и Азербејџан. За да спречи избувнување нов конфликт Владимир Путин во својата резиденција во Сочи ги повика лидерите на свете спротивставени држави, Илхам Алиев и Серж Саркисјан.

По разговорите одржани на 10 август, страните ја потврдија својата приврзаност кон мирно решавање на конфликтот во непризнаената Нагорно-Карабашка Република (НКР). 

Уште наспроти самитот не се знаеше дали тој воопшто ќе биде одржан. Баку и Ереван во последно време често повторуваат дека разговорите на највисоко ниво немаат смисла доколку шефовите на државите имаат за што да се договараат. Но, дијалогот одамна дојде до ќор-сокак. Главното и непремостливо несложување на азербејџанската и на ерменската страна е поврзано со статусот на НКР. Баку го гледа Нагорно-Карабах исклучиво како дел од Азербејџан, додека Ереван смета дека претензиите на НКР за независност се апсолутно легитимни и оправдани. Оваа длабока спротивност ги неутрализира сите обиди на посредникот од Минската група на ОБСЕ на практика да покренат конструктивен процес за регулирање на конфликтот. Ситуацијата на линијата на допирање периодично се заострува до вжештување.

Проблемот на Нагорно-Карабах

Карабашкиот конфликт е специфичен по тоа што спорната територија не е признаена. Нагорно-Карабах го контролира Ерменија, а на неговата територија е создадена Нагорно-Карабашката Република, која де јуре е дел од Азербејџан. Овој регион има големо значење за Ерменија, па секој обид на Баку да го контролира Карабах се доживува како напад на самата Ерменија.

Помеѓу Азербејџан и непризнаената Нагорно-Карабашка Република, која е создадена по пат на референдум, изби воен конфликт кој траеше од 1991 до 1994 година. Тогаш Азербејџанците ги потиснаа Ерменците од територијата на поранешниот Шаумјановски реон на Азербејџанската Советска Социјалистичка Република и од делот на Нагорно-Карабах, а Нагорно-Карабашката Република со поддршка на Ерменија воспостави контрола над неколку реони на Азербејџан кои се граничат со Нагорно-Карабах и го потисна од нив азербејџанското население, што Советот за безбедност на ОН во 1993 го квалификуваше како окупација на Азербејџан од страна на ерменските сили.

Изминатата недела судирите толку ескалираа што Западот започна да зборува како карабашкиот конфликт влегол во акутна фаза и повеќе не е „замрзнат“. Провокациите добија систематски карактер, како и акциите на диверзантските групи, а пукањето од автоматско оружје премина во артилериски борби, Веќе има речиси дваесет жртви. Азербејџан брзо префрли тешка техника во зоната на конфликтот, двете страни ја кренаа авијацијата во воздух и до почеток на војна остана уште еден чекор. Тогаш претседателот на РФ Владимир Путин ги повика азербејџанскиот и ерменскиот колега во Сочи. 

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев непосредно пред тргнувањето во Сочи се закани дека ќе ја избрише од лицето на земјата Ерменија „која не се откажува од фашистичката политика“.

Илхам Алиев непосредно пред тргнувањето во Сочи се закани дека ќе ја избрише од лицето на земјата Ерменија „која не се откажува од фашистичката политика“. Ерменската страна беше револтирана. 

Со оглед на сиве овие околности разговорите во Сочи се одржаа во две рунди. Путин во Сочи најпрво одвоено поразговара со Алиев, а потоа со Саркисјан, па дури следниот ден беше одржана средба на сите тројца лидери на заедничка маса. Како што соопштуваат информативните агенции, Алиев и Саркисјан еден на друг си упатиле прекори поради непочитувањето на важечките спогодби, но се сложија дека проблемот не може да се реши со војна. Путин констатирал дека станува збор за стара болка, која е наследена од советскиот период, и дека овој конфликт треба да се реши без брзање, со мудроста „која ги краси двата народа“, и исклучиво по мирен пат. 

Алексеј Мартинов, директор на московскиот Меѓународен институт за новоформирани држави, смета дека избувнувањето нова војна помеѓу Азербејџан и Ерменија е спречено исклучиво благодарение на активните мировни напори на Русија. „Минатата недела е извршена најсериозната и најголема провокација во зоните на допир на ерменските и азербејџанските единици во Нагорно-Карабах. Ескалацијата на конфликтот е спречена благодарение на навремената реакција на претседателот на РФ“, изјави Мартинов за „Руска реч на македонски“. Експертот претпоставува дека Баку сака да ја искористи ситуацијата во која Русија, која традиционално го поддржува Ереван, се занимава со решавањето на проблемите поврзани со граѓанската војна во Украина и да го реши проблемот со Нагорно-Карабах со примена на сила, потпирајќи се на поддршката од Западот. 

Но, излезе дека ваквата пресметка не е добра. „Најпрво, азербејџанската армија неочекувани наиде на силен одговор од армијата за одбрана на Нагорно-Карабах и ерменските трупи. Потоа, излезе дека Владимир Путин лично внимателно го следи развојот на ситуацијата во закавкаскиот регион“, изјавува Алексеј Мартинов. 

Членот на Општествената комора на РФ и политиколог Сергеј Марков по преговорите во Сили изјави дека средбата на шефовите на Азербејџан и на Ерменија сама по себе сведочи за тоа дека конфликтот е вратен во форматот на дипломатско регулирање. 

„Сметам дека главниот резултат од разговорите ќе биде ослабување на воената конфронтација во подрачјето на Нагорно-Карабах во брзо време. Мошне е важно да се нагласи дека разговорите имаат и силна економска позадина. Путин им предложил на Алиев и Саркисјан со своите производи да го пополнат испразнетото место по руските 'антисанкции'. Ова и за Азербејџан и за Ерменија шанса која не треба да ја пропуштат“, објасни експертот. 

Сергеј Марков додаде дека значителниот пораст на економската и на воената моќ на Азербејџан сега станал главен фактор за заострување на ерменско-азербејџанскиот конфликт: „Сегашната положба на Нагорно-Карабах е создадена во односот на силите кој беше актуелен пред 20 години кога Ерменија беше посилна. Сега ситуацијата е од корен изменета. Последниве години порасна и воената и економската моќ на Азербејџан, и сега неговото раководство сака ситуацијата во регионот да биде повеќе во согласност со новиот однос на силите“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња