Руслан Соколовски
Приватна архиваСпоред блогерите тој одлучил да сними видеото во црквата откако чул дека еден од руските национални телевизиски канали рекле дека играњето „Покемон Гоу“ во храм може да доведе до обвинение за навреда кон верниците.
За Соколовски е потврдено дека е атеист. Во своите многубројни видеопораки тој ја критикува црквата за она што тој го гледа како нејзини обиди за наметнување на веронауката во Русија. Од почетокот на 2016 година тој почнува да објавува блог кој ја исмева религијата.
Кривичното дело, кое е подигнато против блогерот, содржи две обвиненија: „поттикнување омраза“ и „навреда на чувствата на верниците“.
Судот во Екатеринбург му определи на Соколовски притвор во времетраење од два месеци. Според адвокатот на блогерот судот одбил да го ослободи Соколовски со кауција или со ветување дека нема да го напушта градот, иако се грижи за својата мајка, која е инвалид. Врз основа на член 282 од рускиот Кривичен закон Соколовски се соочува со казна до пет години затвор, а за навреда на верниците - до три години затвор или парична казна во износ до 500 илјади рубли (7.700 американски долари).
Според мислењето на Владимир Легојда, претседател на Синодалниот информативен оддел на Московската патријаршија, Соколовски се однесува во стилот на „Шарл Ебдо“ (Charlie Hebdo), француски сатиричен весник кој е познат по контроверзните карикатури. Во соопштението на „Фејсбук“ Легојда напиша: "Младиот човек од Екатеринбург беше уапсен ... не затоа што лови Покемон во црква, ами поради видеото (можеби повеќе од едно), што е направено и преку него го демонстрира целиот процес и коментари на темата“.
Протојерејот Димитриј Смирнов предложи јавна казна за блогерот. Во интервју за радиото „Говорит Москва“тој се пошегува дека Соколовски треба „да биде набиен на кол“. "Може да ловиш Покемон во кревет или во јавната бања. А, црквата е дом за молитва. Тоа не е место за играње фудбал, за пиење кафе, за муабетење или за лов на покемони. Тоа е посебно место резервирано само за молитва и за извршување на црковните тајни“, рече протојерејот.
Од своја страна, градоначалникот на Екатеринбург Евгениј Ројзман изрази поддршка за Соколовски. На својата страница на „Фејсбук“ тој напиша: „Ова е лудо. Човекот, се разбира, има направено провокативно нешто, но не може да биде притворен за тоа што се однесувал како идиот или поради недостиг на воспитување и желба да се покаже!“. Ројзман ги повика свештениците, а особено патријархот Кирил, да застанат зад неразумниот блогер.
Јавното мислење во врска со ова е поделено, како што се гледа од коментарите оставени под пораките на Легојда и на Ројзман на Facebook. Некои веруваат дека Соколовски треба да биде казнет за кривично дело, додека други не гледаат ништо криминално во она што тој го има направено и повикуваат за негово ослободување од притвор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче