Зoшто Русија „се дружи” со Саудиска Арабија?

Ројтерс
Русија и Саудиска Арабија имаат спротивставени ставови во врска со сириското прашање, но се трудат да одржат стабилни билатерални односи. За сегашните и за идните руско-саудиски односи „Руска реч на македонски“ разговараше со руските арабисти.

Сегашниот крал на Саудиска Арабија Салман дојде на престолот на 23 јануари 2015 година по смртта на својот брат Абдула. Салман има 80 години и влошено здравје.

Сепак, за една година под негово управување Ријад почна да води поактивна надворешна политика. Саудиска Арабија се вклучи во војната во Јемен, ги прекина односите со Иран и продолжува со давање активна поддршка на опозицијата во Сирија, инсистирајќи на заминување на Башар ал Асад од власт. Москва е против ваквиот пристап и смета дека Ал Асад треба да биде дел од „политичкото решение„ на сириската криза.

Моќниот принц

Руските експерти сметаат дека зад промените на надворешната политика на кралството стои синот на сегашниот крал, принцот Мухамед бин Салман. Тој, според саудиските мерила, е мошне млад (30 години), но големата власт е сконцентрирана во неговите раце: тој раководи со Министерството за одбрана, со Кралскиот суд и со Советот за економски прашања. Многумина аналитичари сметаат дека Мухамед е можниот наследник на кралот Салман.

Професорот на Рускиот државен уиниверзитет за општествено-хуманистички науки, арабистот Григориј Косач, во разговор со „Руски речник на македонски“ го окарактеризира Мухамед како „силна личност на денешна Саудиска Арабија“. Тој смета дека принцот е најзаслужен за тоа што за време на кралот Салман политиката на Саудиска Арабија „започна да се потпира на принципот на цврстина“. Косач истакнува дека принцот Мухамед посветува големо внимание на Русија, и дека минатата година двапати се сретна со Путин – во Санкт Петербург и во Сочи.

За време на средбата во Сочи, Мухамед бин Салман го предупредил Путин на „опасните последици“ од руската воена операција во Сирија. Претходно саудиското Министерство за надворешни работо го осуди почетокот на операцијата и ја повика Москва да го прекине бомбардирањето.

По неколку месеци ставовите на двете земји останаа исти. Саудиска Арабија инсистира претседателот Ал Асад да замине или да биде соборен со сила, додека Русија смета дека сегашниот сириски режим треба да биде дел од политичкото решение на кризата.

Арабистот Александар Аксењонок, експерт на Рускиот совет за меѓународни прашања, смета дека пристапот на Ријад кон сириското прашање не е ефикасен. „Сборувањете на Ал Асад со сила, за што зборуваше министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, само ќе предизвика целосен хаос, нешто слично на она што се случи во Ирак“, обкаснува експертот за „Руска реч на македонски“.

Професорот Косач смета дека спротивните ставови во врска со решавањето на сириската криза не ги спречуваат Москва и Ријад да водат дијалог, туку, напротив, ги поттикнуваат во наоѓање на обострано прифатлива варијанта: „Токму недопустливоста на Русија ја поттикна Саудиска Арабија да го поддржи прекинот на огнот во Сирија“. Од друга страна, Косач смета дека поддршката на прекинот на огнот не значи дека Саудијците се откажале од своите планови поврзани за соборување на Башар ал Асад.

Соработка без доверба

Покрај рускиот став во врска со сириската криза, на Саудиска Арабија не ѝ одговараат ниту партнерските односи на Русија и Иран. Аксењонок вели дека Саудиска Арабија во контекст на укинување на економските санкции за Иран е загрижена поради претстојното зајакнување на позицијата на шиитската држава со која Ријад се бори за влијание на Блискиот Исток. Саудијците ги доживуваат односите помеѓу Русија и Иран како стратешко партнерство и поради тоа немаат доверба во Москва.

Рускиот експерт смета дека сомничавоста на Саудијците е излишна и дека Русија не треба да се доживува како сојузник на Иран во врска со сите прашања: „Русија може да има посебни односи со Иран, но тие односи нема да се развиваат на штетат на интересот за безбедност на Саудиска Арабија“.

Експертите се уврени дека Русија и Саудиска Арабија и покрај несогласувањата можат да соработуваат. „Кон крајот на минатата година во Москва е одржан заеднички руско-саудиски бизнис-форум, се води дијалог на линија 'Русија – Совет за соработка со земјите од Персискиот залив', во кој Саудиска Арабија игра клучна улога“, потсетува Григориј Косач. Притоа тој особено ја истакнува важноста за соработка во енергетската сфера, конкретно во спогодбата помеѓу Русија, Саудиска Арабија, Катар и Венецуела за „замрзнување“ на експлоатацијата на нафта во 2016 година на јануарското ниво.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња