Русија се откажува од француските мотори за авионите „Суперџет“

Работата над развојот на семејството мотори ПД–14 останува меѓу приоритетите на руската воена индустрија, изјави рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин.

Потпретседателот на руската влада задолжен за воената индустрија Дмитриј Рогозин е убеден дека Русија, благодарение на авионскиот мотор ПД–14 во најскоро време ќе ги исфрли од употреба француските мотори за својот патнички авион „сухој суперџет 100“.

„Една од најприоритетните задачи е развојот на семејството мотори ПД–14 за да ги задоволиме нашите потреби при замената на француските мотори за „Сухој Суперџет 100‘. Мислам дека тоа ќе се случи во најскоро време“,  изјави Рогозин при посетата на московската фабрика „Чернишов“.

За руските авиони „Сухој Суперџет 100“ има огромна побарувачка во странство. Така, Москва и Каиро во моментов ги разгледуваат можностите за испорака на 40 авиони SSJ-100, а договорена е испорака и на 4 до 10 авиони за друга египетска компанија. Се очекува да почне испорака на авионите во Иран, Индија, Ирска, Кина и Данска, пишува „Взгљад“.

                                                                                       

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња