Русија и Египет договараат испорака на уште 40 авиони SSJ-100

Москва и Каиро ја разгледуваат можноста за испорака до 40 авиони Сухој Суперџет 100 за египетската компанија Egypt Air, соопшти министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Авиокомпанијата Egypt Air „денес ја разгледува можноста за развој на превозот од Египет во други земји со нашите Сухој Суперџет. Во моментов ја разгледуваме можноста за испорака до 40 авиони – 20 плус 20. Тоа е веќе таков голем перспективен проект кој ќе обезбедува работа за нашите капацитети во најблиска иднина“, изјави министерот Мантуров, пишува „Взгљад“.

„Се разбира, тоа зависи од многу фактори, особено од финансиските услови кои ќе ги сработиме до крај со нашите финансиски институции. Но најважно е дека постои добра волја и желба и јасна програма кои авиони ќе бидат заменети во наведениот случај со нашите Сухој Суперџет“, додаде тој.

Претходно, на 2 февруари во Каиро беше потпишан Меморандум за намери за купување на четири авиони SSJ-100 со опција за уште шест авиони меѓу  египетската авиокомпанија Air Leisure, Navarta SA и „Цивилни авиони на Сухој“ (ГСС).

Мантуров изјави дека Air Leisure ќе ги добие авионите SSJ-100 до крајот на 2016 година. „Потоа ќе има трансфер од оперативен лизинг во финансиски по 18 месеци, и плус ние одредивме опција за уште шест дополнителни авиони. Вкупно за во иднина имаме 10 авиони. Тоа е само за обезбедување на чартер-летови во границите на Египет“, истакна тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња