Кинеската приватна компанија O-Bay Aircraft Company, која се наоѓа во провинцијата Хенан, планира да купи сто авиони Сухој Суперџет 100 од компанијата „Сухој“ во вредност од 3,54 милијарди долари. Договорот беше потпишан во саботата. Руската компанија ќе помогне во организацијата на склопувањето на авионите во Џенгџу (административен центар на провинцијата Хенан).
Компанијата „Сухој“ е добро позната во Кина, благодарение на своите воени авиони. Фабриката за цивилни авиони „Сухој“, во која ќе бидат склопувани авионите, би требало да започне со работа во 2016 година, а во 2018 година да започне да работи со полн капацитет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче