Денеска состанок на „Нормандиската четворка“ во Париз

Лидерите на Русија, Германија, Франција и Украина ќе се сретнат за да дискутираат за изборите во Донбас, повлекувањето на војската, работата на набљудувачката мисија на ОБСЕ и други прашања за решавање на конфликтот на истокот на Украина.

Денеска во Париз ќе се сретнат лидерите на земјите од „Нормандиската четворка“: претседателот на РФ Владимир Путин, канцеларката на Германија Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд и украинскиот претседател Петро Порошенко. Цел на состанокот е Украина. Како што соопштува РИА „Новости“, на агендата ќе бидат прашања за одржувањето на изборите в Донбас, повлекувањето на војската, обезбедувањето пристап за набљудувачите на ОБСЕ и други прашања.

Покрај преговорите во „нормандиски формат“, лидерите ќе имаат низа билатерални средби. Владимир Путин ќе разговара со Ангела Меркел и Франсоа Оланд, додека не се предвидени разговори со Петро Порошенко, соопшти помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков.

Портпаролот на шефот на РФ Дмитриј Песков потенцираше дека Москва констатира недостиг на напредок во реализацијата на спогодбата постигната во февруари во Минск. Тој укажа дека Минската спогодба, според зборовите на Путин, „не трпи какви било промени и нема двојно толкување“, пренесува „RT“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња