Во предметот „ЈУКОС“ испливаа 10 милијарди долари

Извор: РИА Новости / Виталиј Белусов

Извор: РИА Новости / Виталиј Белусов

На поранешниот претседател на „ЈУКОС“ Михаил Ходорковски можеби му се заканува трета казнена постапка. Неговите адвокати не знаат ништо за тоа, а стручњаците се сомневаат во тоа дека третиот предмет за „ЈУКОС“ има перспектива.

Против поранешните претседатели на „ЈУКОС“, вклучувајќи го и Михаил Ходорковски, можеби ќе биде покрената нова казнена постапка поради перење пари во странство. Станува збор за повеќе од десет милијарди долари, пренесува новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на извори кои се упатени во целата работа. Според зборовите на соговорникот на агенцијата, се води истрага за легализација на средства. „Парничниот статус на Ходорковски не е определен, тој не е обвинет, ниту, пак, е осомничен, но сето тоа е прашање на време“, додава изворот. 

Заменикот на државниот обвинител Александар Звјагинцев потврди дека „против Михаил Ходорковски и цела низа други лица се водат неколку судски истраги со добра перспектива“.

Поранешните сопственици на „ЈУКОС“ не можат да сметаат на амнестија, зашто таа не е предвидена за „претходно осудени лица“.

Треба да се истакне дека во Русија во моментов се подготвува голема амнестија по повод 20-годишнината од Уставот. Претседателот Владимир Путин ја потврди потребата од нејзиното спроведување. Соодветниот нацрт-закон треба најпрво да го разгледа Државната Дума. Но, претседателот истакна дека „амнестијата може да се однесува само на оние лица кои не сториле тешки кривични дела“. Заменикот на државниот обвинител Александар Звјагинцев во петокот не го коментираше прашањето за можното помилување на Михаил Ходорковски, додавајќи дека Ходорковски е осуден и дека судот му изрекол казна за посебно тешки дела. А, таквите дела нема да влезат во амнестијата.

Адвокатите на Михаил Ходорковски изјавуваат дека не знаат ништо за можното покренување на нова казнена постапка. Претставникот на Истражниот совет Владимир Маркин одби да ја коментира истрагата. Политикологот Леонид Раѕиховски смета дека третиот предмет за „ЈУКОС“ е проблематичен и не е многу веројатен, зашто е застарен. 

Михаил Ходорковски и неговите бизнис-партнери Платон Лебедев се наоѓаат во затвор од 2003 година. Во согласност со втората пресуда, која беше донесена кон крајот на 2010 година, Лебедев мора да отслужи уште 145 дена, а Ходорковски уште 260.

Рускиот текст на сајтот на Комерсант.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.