Извор: ИТАР-ТАСС
На аеродромот „Шереметево“ стои авион полн со пари. Репортерот на весникот „Московски комсомолец“ изјави дека во меѓународниот транспортен јазол веќе шест години се наоѓа авион со 20 милијарди евра до кои никој не може да дојде.
Во документите на аеродромот „Шереметево“ пишува дека во авионот кој пристигнал од Франкфурт се наоѓаат 200 палети со книжни пари. Банкарските работници велат дека во една палета може да собере 100 милиони долари или евра. Значи, тоа се 20 милијарди евра.
Од тој документ произлегува дека сопственик 54-годишниот Фарзин Корориан Мотлаг. Постојат и негови податоци од пасошот. Во документот е напишан и идентификацискиот код на стоката, бројот на летот итн. Во документот, исто така, пишува дека авионот слетал во Москва на 7 август 2007 година. И веќе шест години стои „замрзнат“.
„
Ирачкиот претседател беше еден од најбогатите луѓе на светот. Го заземаше третото место според магазинот „Форбс“. Откако беше уапсен, Садам Хусеин никогаш не призна, без оглед на испрашувањата, каде се наоѓаат неговите пари.
Во документите на аеродромот нема ниту збор за примателот на скапоцената стока. Репортерот успеа да дознае дека овие пари Фарзин Корориан Мотлаг му ги подарил на украинскиот фонд „Свет на добрите луѓе“. Таква организација навистина постои во Москва. Познато е дека управител на оваа организација е 53-годишниот Александар Шипилов, државјанин на Руската Федерација. Токму тој се обидува да ги добие овие пари.
„Судејќи според документите, стоката е реална“, - вели стручњакот за царински работи, адвокатот Вадим Љалин. „Не можеле да ја земат зашто примателот ги немал сите потребни документи. Притоа испраќачот не навел конкретен примател, што е многу чудно. Овој факт нè наведува дека нешто не е чисто со овие пари. Веројатно бил разработен некаков план според кој стоката требала да ја помине границата, но се чини дека нештата не тргнале по вистинскиот правец, па „господинот Х“ не можел да дојде и да ја земе стоката. По сите неуспешни обиди било решено да се обиде преку фондот – тоа, патем речено, е вообичаена практика за време на перењето пари. Мислеа дека добротворните прилози побргу ќе минат преку граница.“
Претставниците на фондот им се обраќаа на највлијателните адвокати со молба да им помогнат околу преземањето на стоката. Ветиле дури и хонорар во износ од 2 милијарди евра. Никој не се нафатил за работата. Скапоцената стока примателот можел да ја добие преку судот, но не се обратиле таму.
„
Во документите на аеродромот нема ниту збор за примателот на скапоцената стока. Репортерот успеа да дознае дека овие пари Фарзин Корориан Мотлаг му ги подарил на украинскиот фонд „Свет на добрите луѓе“. Таква организација навистина постои во Москва. Познато е дека управител на оваа организација е 53-годишниот Александар Шипилов, државјанин на Руската Федерација. Токму тој се обидува да ги добие овие пари.
„Царината побара сопственикот на стоката да се јави лично“, вели стручњакот. „Поради тоа и настанал проблемот. Властите морале да се уверат дека е жив, дека не е лажен. Но, Фарзин Корориан Мотлаг не се јавил. Испраќачот е жител на Техеран, ирански државјанин. Се споменува во инвестиции во различни места на светот, главно во Африка, на Маурициус. Но, овие информации не се доволни.“
„Не е исклучено овие пари да се на Садам Хусеин“, вели соработникот на специјалните служби. „Не го тврдам тоа категорично, само претпоставувам. Сите знаат дека низ целиот се вртат околу 60 и 100 милијарди долари на ирачкиот претседател.
Ирачкиот претседател беше еден од најбогатите луѓе на светот. Го заземаше третото место според магазинот „Форбс“. Откако беше уапсен, Садам Хусеин никогаш не призна, без оглед на испрашувањата, каде се наоѓаат неговите пари.
„Сумата е толку голема што едноставно мораме да се посомневаме во вистинитоста на приказната“, вели главниот руски стручњак во оваа област, професорот Никита Кричевски. „20 милијарди евра е околу 6% од целиот руски буџет. Кога би ги додале на државниот буџет, би можеле да го решиме станбеното прашање на цела една генерација.“
Сепак, во аеродромот „Шереметево“ ги отфрлаат информациите за авионот со готовина, пишува РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче