Споменик на Петар и Февронија во Ејск, Краснодарски крај. Фотографија од слободни извори.
Денот на семејството, љубовта и верноста, кој годинава се одбележува по шести пат, е поврзан за една брачна двојка од Муром.
Љубовта помеѓу Петар и Февронија е детално опишана во „Повеста за Петар и Февронија“ – ремек-дело на староруската книжевност од 16 век. Сопружниците управувале со Муромското кнежевство во 13 век, живееле долго, умреле на ист ден и биле закопани во ист гроб. Руската православна црква ги канонизирала во 1547 година. Оттогаш свети Петар и Февронија за православните христијани станале симбол на сопружничката љубов и верност. Горниот дом на рускиот парламент во 2008 година на празникот му го додели статусот Серуски државен празник и го дефинираше неговиот симбол: белата рада/ Идејата за празникот ја поддржаа сите конфесии во земјата.
За разлика од западниот празник на вљубените кај рускиот празник се става аспект на други аспекти на љубовта
Тогаш многу градови во Русија, во рамките на Сенародната програма „Во кругот на семејството“, започнаа да подигаат споменици на Петар и Февронија. Првиот споменик се појави истата 2008 година во градот Муром, татковината на православните светители. И нивните мошти се таму, у Троицкиот манастир. Веќе следната 2009 година споменици беа подигнати во Архангелск, Улјановск, Јарослављ, Сочи и во Абакан, а подоцна и во Нефтејуганск, Јошкар Ола, Самара, Владивосток, Благовештенск, Иркутск и во други градови. Минатата година, пак, беа откриени споменици и во Екатеринбург, Калуга, Тамбов и во Новосибирск.
Оваа година по шести пат се врачува медалот „За љубов и верност“. Медалот им се доделува на брачните двојки кои живеат во брак 25 и повеќе години. Во организацискиот одбор годинава стасале огромен број пријави од цела Русија.
Споменик на Петар и Февронија во Јошкар Ола, Република Мариј Ел. Фотографија од слободни извори.
Празнувањето на денот на Петар и Февронија често се споредува со денот на свети Валентин, иако настаните поврзани со овие празници, како и нивната смисла, многу се разликуваат. Денот на свети Валентин е ден на вљубените, исполнет со романтика и мали изјави на љубов. Рускиот празник става акцент на други аспекти на љубовта. Денот на свети Петар и Февронија е поврзан за поимите како што се семејството, брачната верност и љубовта која ги надминува сите животни искушенија.
Денес младите во Русија самите избираат што ќе празнуваат. Ако некој сака да го помине времето во кругот на пријателите и да си разменува парчиња хартија исечени во облик на срце пробиено со стрела, тогаш тој го избира Денот на свети Валентин. А, на оној кому му се поважни националната традиција и историската содржина на празникот, повеќе му одговара Серускиот ден на семејството, љубовта и верноста, поврзан за древната руска приказна за брачната двојка Петар и Февронија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче