За што зборуваат највлијателните жени на Русија?

Политичкиот список го предводи претседателката на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко. Извор: ИТАР-ТАСС.

Политичкиот список го предводи претседателката на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко. Извор: ИТАР-ТАСС.

Новинарите ги прогласија највлијателните бизнисдами на Русија за 2012 година. Првото место на списокот го зазеде претседателката на компанијата Трансаеро Олга Плешакова, која пред една година на истата ранг-листа беше на третото место. За своите животни приоритети за „Гласот на Русија“ зборуваат постојаните лидери на списокот: заменик-претседателот на управата на Сбербанк Бела Златкис, соосновачот на Лабораторијата Касперски Наталија Касперска и претседателката на фитнес-клубовите World Class Олга Слуцкер.

Огромен труд, поставена цел и никакво попуштање – тоа е формулата за успех која за „Гласот на Русија“ ја формулираа највлијателните бизнисдами на Русија. Да се најдат во рејтинг никогаш не била нивна цел. Тоа е пред сè резултат на секојдневната макотрпна работа. За своето појавување во златните сто, многумина од нив дознале од новинарите. Фактот за појавување во определен рејтинг е поврзан со новите обврски и со поставувањето на уште посложени задачи, смета Наталија Касперска. 

Мене лично тоа ме обврзува дека треба и понатаму да постигнувам вакви рејтинзи, зашто ако нас нè снема од рејтингот, тоа ќе биде чудно. Се појавуваат определени обврски. А, кога станува збор за компанијата, не сум премногу задоволна од резултатите од минатата година. Ми се чини дека можевме да постигнеме повеќе, така што главните предизвици претстојат. Токму на нив планирам да работам оваа и следните години. Токму затоа тука имам некаков конфликт: моето лично задоволство од постигнатите резултати не се совпаѓа многу со ваквата висока оценка од рејтингот.


Од ситуацијата во домот зависи и работната способност и желбата да се постигнат високи резултати во бизнисот

Бела Златкис

заменик-претседател на управата на „Сбербанк“

Индикаторите на успехот, според мислењето на најистакнатите имиња на рускиот бизнис, не се поврзани со некакви списоци или со рејтинзи. Освен високите барања од себе и бизнисот, на прво место за поголемиот дел деловни жени сепак останува семејството. Од ситуацијата во домот зависи и работната способност и желбата да се постигнат високи резултати во бизнисот, вели Бела Златкис.

Мошне е важно да пости нормална заднина, зашто жената е таква по природа, тоа се хормонални нешта, тие никако не се поврзани со бизнисот. Ако дома ја нервираат, ако таму ништо не е во ред, таа, сакала или не, го пренесува тоа на окружувањето. Затоа, секако, е мошне важно да се среди домот, таа да го среди сопствениот живот, своите односи со семејството, за да можат тие да даваат дополнителен елан.

Како и во многу земји, главните улоги во рускиот бизнис им припаѓа на мажите. Но, последниве години сè повеќе жени се насочуваат кон големиот бизнис и кон политиката. Според мислењето на Олга Слуцкер, задача на државата е да ја поддржи и да ја зајакне оваа тенденција.

Во општеството треба да се создадат сите услови за жената да се чувствува сигурно и слободно, да знае дека откако ќе роди едно или неколку деца ќе може слободно да гради кариера.

Сметам дека во принцип главната улога на жената е во семејството и во воспитувањето на детето, а уште подобро на децата. Да има две, три, а можеби и повеќе. Во општеството треба да се создадат сите услови за жената да се чувствува сигурно и слободно, да знае дека откако ќе роди едно или неколку деца ќе може слободно да гради кариера и дека државата ја поддржува во тоа, дека општеството ја поддржува во тоа. Ете, тоа е важно.

Русија активно го поддржуваше насочувањето кон развојот на женското претприемништво во рамките на своето претседателствување со АТЕС 2012 година.

Списоците на највлијателните жени се составуваат со поддршка на низа медиуми повеќе години. Овој пат тие беа направени во неколку категории: политика, бизнис, култура, спорт, медиуми. Политичкиот список го предводи претседателката на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко, лидер на списокот за култура стана пејачката Ала Пугачова, а на врвот од списокот на спортистки се најде олимписката шампионка во уметничка гимнастика и во моментов член на парламентарната фракција на Единствена Русија, Алина Кабаева.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.