На Трамп му претстои мошне тешка борба

Press photo
Американскиот историчар и политиколог, професор на Њујоршкиот и на Принстонскиот универзитет Стивен Коен зборува за можните односи помеѓу Русија и САД по доаѓањето на власт на Трамп.

Прес фотоПрес фото

Односите помеѓу Америка и Русија е едно од прашањата за кои сфаќањата на Трамп во голема мера се разликуваа од ставовите на Хилари Кинтон и на целата надворешнополитичка елита на САД. Сега ние (ова се мои зборови, а не на Трамп) сме во состојба на студена војна со Русија, со тоа што сегашната ситуација е мошне поопасна од првата Студена војна што ја водевме 40 години и на која ѝ ставивме крај. Постојат три региони каде помеѓу Русија и САД може ненадејно и мошне лесно да избие вооружен конфликт. Тоа се Балтик, Украина и Сирија. А, Трамп зборуваше дека сака да ги подобри односите помеѓу нашите земји. Неговите изјави во голема мера беа фрагментарни, но многу се разликуваа од изјавите на другите политичари. Трамп зборуваше дека сака да соработува со Владимир Путин и дека според него би било извонредно доколку Русија и САД би ги обединиле напорите во борбата против терористите во Сирија. Тој не зборуваше ништо во врска со Украина. Тоа се актуелни проблеми. Доколку Трамп и реши да дејствува во тој правец, тогаш тоа не би требало да го прави јавно, ами по приватни канали. А, доколку тој почне да се движи во правец на попуштање на тензиите во односите со Русија и на развој на соработката, да кажеме, во врска со Сирија, тогаш ќе му се спротивстави моќната внатрешна коалиција која ја поддржува студената војна, а која ги опфаќа како демократите, така и републиканците, а исто така и медиумите. Во тој случај на Трамп му претстои мошне тешка борба. Од друга страна, пак, треба да се истакне дека во САД надворешната политика е таква сфера во која претседателот е практично независен. Поддршка од страна на Конгресот ќе му биде потребна само доколку сака да склучи некаква спогодба со друга земја. Прашањето е дали Трамп навистина сака да ги подобри односите со Русија, и дали Путин е подготвен за тоа. Мислам дека Путин е подготвен, а дали Трамп ќе дејствува во таа насока или не, ќе покаже времето.

Од интервјуто за телевизијата RT.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.