Честопати се зачудуваме кога гледаме колку се разгалени денешните деца, колку играчки имаат, а не ги ценат (и претпочитаат да држат таблет во раце). Децата во советско време немаа толку луксузни услови, па понекогаш мораа самите да се забавуваат и да прават играчки со свои раце, и тоа од секој материјал што им беше достапен. Во Русија тој материјал беше компирот.
Значи, растењето деца не мора да биде скапо ако го примените лајфхакот од оваа илустрирана книга на А. Федулов, објавена 1931 година во изданието „Млада гарда“ (Молодая гвардия).
Книгата има 11 страници. Прикажани се разни играчки кои можат да се направат од компир. Само погледнете ги тие креативни решенија!
Самовар и сервис за чај.
Компир-човек го шета својот компир-пес.
Компир-пес пред својата компир-куќичка.
Во книгата има и кратко упатство за тоа како се прават сите играчки: „Сите овие играчки можете да ги направите од компир. Изберете соодветни компири и внимателно измијте ги. Пресечете ги и исечкајте ги со нож како што е прикажано на сликата. Раце, нозе, врат и опашка можете да направите од кибритчиња. Со кибритчиња можете и да ги споите компирите.
Компир-момчиња се нишаат на компир-нишалка.
Компир-рибар!
Компир-коњаник на компир-коњ!
Истата година А. Федулов го објавува и вториот дел на книгата под наслов „Рачна работа за напредни деца“, со уште девет страници полни со играчки од компир.
Компир-мама во прошетка со компир-дете.
Компир-студент ја проучува својата компир-наука.
На дволистот е прикажана компир-група!
Двете книги се дигитализирани и достапни во огромната онлајн-архива на Националната детска библиотека. Ако сакате да ја погледнете целата прва книга, продолжете со прегледувањето овде и овде.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче