Деветгодишно девојче од Москва положи приемен испит на „Ломоносов“

Образование
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Алиса Тепљакова, која сака да запише психологија, ги положи приемните испити на престижниот Московски државен универзитет (МГУ).

Девојчето Алиса Тепљакова од Москва, која штотуку наполни девет години, ги положи дополнителните приемни испити на Московскиот државен универзитете „Ломоносов“, изјави ректорот Виктор Садовничи.

„Сега е во тек процесот на селекција и уписи“, рече тој.

Ректорот истакнува дека има големо искуство со приемот на факултет и дека видел деца кои се запишувале на МГУ на 14 или 15 години, како и дека тоа се секогаш посебни случаи.

„Секој лекар ќе ви каже дека детето на таа возраст сé уште се формира, дека таквите деца бараат посебно внимание“, објаснува Садовничи.

Тој додава дека не знае колку бодови има Алиса и дали ќе успее да се запише. Но, ако девојчето го примат, тој би сакал таа да добие педагог-психолог кој би ѝ помогнал непречено да студира на МГУ.

Алиса Тепљакова на осумгодишна возраст успешно го заврши училиштето и го положи единствениот државен испит по руски јазик, математика, биологија и информатика. Медиумите пишуваа дека Алиса се подготвува да запише психологија на МГУ. Од оваа високообразовна установа изразија подготвеност да ја примат доколку го приемниот испит.