Конкурс за бесплатно студирање во Русија за македонски државјани

Образование
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Од 20 јануари до 20 февруари се одржува кампањата за прием на странски државјани на руските универзитети.

Можноста да се стане студент се обезбедува бесплатно во рамките на посебна квота на Владата на Русија.

Странските граѓани можат да аплицираат во електронска форма на веб-страницата на државниот информативен систем „Образование во Руската Федерација за странци“ (ГИС ОРФИ): https://education-in-russia.com

Изборот се одвива во две фази: првата фаза ја спроведува претставништвото на „Россотрудничество“, кое формира листа на кандидати во согласност со квотата доделена за земјата.

Втората фаза ја спроведуваат руските универзитети при разгледување на досиејата на кандидатите. Дополнителни информации, вклучително и список на потребни документи, се достапни на порталот https://education-in-russia.com

За сите технички прашања заинтересираните можат да се обратат на: support@education-in-russia.com