Бруцошот кој освои максимални 300 бодови на Единствениот приемен испит презимењак на Путин!

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Виталиј Анков/Sputnik
Александар Путин, гимназијалецот од градот Северск во Томската област, кој го положи Единствениот државен приемен испит (ЕГЭ) од три предмети и освои максимални 300 бодови, објаснува како се подготвувал за полагањето.

Според неговите зборови, многу му користеле разните натпреварувања за кои се подготвувал. „Тоа е искуството од решавањето задачи и извежбаност во концентрирањето на испит“, објасни Путин за порталот „Lenta.Ru“.

За Единствениот државен приемен испит (ЕГЭ) тој се подготвувал самостојно, т.е. со помош на своите наставници и образовни сајтови, без да плаќа приватни часови. „Видов кои задачи ми одат полошо, така што учев теорија поврзана со нив и ги решавав сите можни варијанти додека нивното решавање не ми стана лесно. Подоцна ги бирав најтешките, а едноставните ги прескокнував“, додаде тој.

Путин истовремено изнесе став дека ЕГЭ не го вреднува знаењето на средношколците во целост. „За да можат да се решат сите задачи кои доаѓаат предвид на овој испит треба добро да се знае теоријата на предметот што се полага. Меѓутоа, недостатокот на Единствениот државен приемен испит е во тоа што вие можете да го добиете она што го знаете, а некој друг она што сѐ уште не успеал да го обнови иако знае многу повеќе од вас, и тој ќе добие помалку бодови од вас. Поради тоа често се вели дека ЕГЭ е всушност лотарија“, заклучува Александар.

Тој иронично го коментираше и изобилството од шеги на негова сметка по повод на тоа што се презива исто како претседателот на Русија и потсети дека сите одговори се прегледуваат под шифра така што експертите не знаат чија работа оценуваат.

Путин освои вкупно 300 бодови по руски јазик, математика и физика. Од гимназијата на градот Северск изјавија за новинарите дека нивниот сограѓанин со познатото презиме ќе се запише на Московскиот физичко-технички универзитет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња