Јубилеен 50 натпревар по руски јазик во Македонија

Образование
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На 20 април на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа јубилејниот 50 државен натпревар по руски јазик во Македонија.

Традиционално на натпреварот учество земаат учениците од основните и од средните училишта.

Но, во чест на јубилејот, освен учениците кои доаѓаат од различни градови од земјата, можност да ги покажат своите знаења добија и курсистите по руски јазик, а исто така и студентите-русисти.

Пред почетокот на натпреварите на учесниците им се обрати амбасадорот на РФ во РСМ С.А. Баздникин. Зборувајќи за можностите што ги дава знаењето руски јазик, тој подвлече дека „околу 300 милиони луѓе зборуваат на руски јазик на целата Земјина топка. Рускиот јазик е втор по популарност на Интернет. Според податоците од истражувањата спроведени во 2018 година од страна на Европскиот институт за управување со бизнисот (INSEAD), рускиот јазик влегува во петте највлијателни јазици во светот. Тој е еден од официјалните јазици на ОН, на ОБСЕ и на многу други меѓународни организации“.

Натпреварот беше организиран од страна на Асоцијацијата на наставници по руски јазик и литература, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Россотрудничество и Балкански младински совет.