Традиционално, и оваа година Амбасадата на Руската Федерација распиша конкурс за прием на државjани на Република Македониjа во рамките на државната квота во најдобрите високообразовни и средни стручни образовни установи на Руската Федерација за учебната 2019/2020 година.
Бесплатното образование е достапно на следните нивоа:
- средно стручно образование;прв циклус, додипломски студии („бакалауреат“)
- втор циклус, постдипломски студии („магистратура“)
- трет циклус, докторски студии („аспирантура“);
- „специјалитет“ (прв циклус + втор циклус: интегрирано образование во тек на 5–6 години за некои насоки, обично за медицински)
- „ординатура“ (постдипломски студии за медицински насоки, Residency)
- дополнително стручно образование (напредни курсеви за обука во разни области).
Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложени скенирани документи директно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна е регистрација).
Рокот за пријавување е до 1 февруари 2019 година.
За сите прашања контактирајте го претставништвото на Россотрудничество во Република Македонија на macedonia@rs.gov.ru.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче