Руски центар во Скопје, Македонија.
Руски центар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, МакедонијаВеќе трета година по ред Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје врши уписи за бесплатни курсеви по руски јазик. Во отворениот повик се распишани 200 места за изучување на руски јазик според програмата на Центарот за сите граѓани на Република Македонија. Уписите ќе се вршат на 3 и на 4 септември од 17 до 21 часот во просториите на Рускиот центар на бул. Теодосиј Гологанов бр. 28, трети кат.
Како дел од документите потребно е да се пополни пријава лично од кандидатот во термините предвидени за пријавување. Кандидатите кои ќе аплицираат за повисок степен од кое било од трите рамништа потребно е да достават и копија од сертификат за соодветно претходно ниво издаден од Рускиот центар при УКИМ или од други институции.
Програмата на Рускиот центар при УКИМ за изучување на рускиот јазик е составена специјално за оние слушатели кои се носители на македонскиот јазик, а оттаму велат дека токму ваквиот пристап досега се покажал како ефикасен и дека дава соодветни резултати.
Од Рускиот центар при УКИМ ветуваат и интересни образовни, културни и научни настасни во новата академска 2018-2019 година. Покрај бесплатните курсеви, за оние кои професионално се занимаваат со рускиот јазик предвидени се и специјални работилници по превод и по лексикографија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче