Пред 101 година: Во Перм основан првиот универзитет на Урал

Образование
СТЕПАН ИВАНОВ
Денес тој е еден од водечките научно-истражувачки универзитети во Русија.

Пермскиот државен универзитет е основан на 14 октомври 1916 година. Идејата за високообразовен центар на Урал е поддржана од научниците и јавните личности на тоа време – Дмитриј Менделеев, Александар Попов, Дмитриј Мамин-Сибирјак. Одлуката за отворање на универзитет ја потенцира важноста за културен и геополитички развој на Уралскиот регион. Најпрвин е филијала на Санктпетербуршкиот универзитет со три факултети и 522 студенти.

Во 2010 година Пермскиот универзитет е награден со статусот Национален истражувачки универзитет, оправдувајќи ја својата репутација на еден од водечките универзитети во Русија. Денес има 12 факултети и повеќе од 11000 студенти.