Новак: Украинскиот систем за транспорт на гас е неконкурентен

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак на пленарната сесија „Инвестирање во руските региони: приоритети на регионалната политика“ на Рускиот инвестициски форум во Сочи.

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак на пленарната сесија „Инвестирање во руските региони: приоритети на регионалната политика“ на Рускиот инвестициски форум во Сочи.

Евгениј Бијатов/РИА „Новости“
Украински систем за транспорт на гас без модернизација е неконкурентен во споредба со новите гасоводи на „Гаспром“, изјави министерот за енергетика на Русија Александар Новак.

„Системот за транспорт на гас на Украина не е само стар, туку е и технолошки застарен“, изјави Новак, пренесува „Взгљад“.

Според рускиот министер, новите проекти – „Северен тек 2“ и „Турски тек“ – „се реализираат според целосно нови технологии, иновативни и повеќе бизнис- насочени, конкурентни, со големи параметри на притисок, брзина на пренос, помали загуби“.

„Украинскиот транспортен систем, ако не се модернизира, е неконкурентен“, изјави Александар Новак.

На 9 август првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави дека Украина ја признала можноста за проблеми со транзитот на гас и тоа само ја потврдува потребата од создавање дополнителни правци за сигурно снабдување на ЕУ.

Ова се случи по изјавата на министерот за енергетика на Украина Игор Насалик дека компанијата „Укртрансгас“ може да биде технички неподготвена за транспорт на гас поради незаинтересираноста на „Нафтогас“ да инвестира во системот за транспорт на гас на Украина.

На 8 август беше објавено дека ЕУ ќе ја има предвид перспективата за изградба на гасоводот „Северен тек 2“, кој Украина го смета за опасност за транзитот на гас преку нејзината територија, во рамките на трилатералните преговори со Москва и Киев.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња