Порошенко го присвои Ајвазовски за украинско културно наследство

Слика на Ајвазовски во Третјаковската галерија

Слика на Ајвазовски во Третјаковската галерија

Прес-служба на Државната Третјаковска галерија/Евгениј Алексеев
Претседателот на Украина Петро Порошенко по повод 200-годишнината од раѓањето на рускиот сликар Иван Ајвазовски повика да се почитува украинското наследство.

„Да го почитуваме нашето наследство!“, напиша Порошенко на „Фејсбук“, додавајќи го хаштегот #GloryToUkraine („Слава на Украина“).

Ајвазовски е руски сликар од ерменско потекло. Роден е во Феодосија во 1817 година како Ованес Ајвазјан.

Важен дел од творештвото на Ајвазовски е летописот на подвизите на руската воена морнарица. Две слики Ајвазовски му има посветено на подвигот на едреникот „Меркур“, многу интересни слики има посветено на одбраната на Севастопол, вклучувајќи ги и „Опсадата на Севастопол“, „Преоѓањето на руската војска на Северната страна“, „Заземањето на Севастопол“. Од почетокот на Кримската војна сликарот организирал во Севастопол изложба на свои слики со воена тематика.

Ајвазовски зборувал за себе како за руски човек: „Секоја победа на нашата војска на копно или на море ме радува како Русин во душата и ми дава мисла како на уметник да ја насликам на платно“, пишува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња