Претседателот на Украина Петро Порошенко на прес-конференција. 14 мај 2017, Киев, Украина.
ZUMA Press/Global Look PressКако што напиша Порошенко на својот „Фејсбук“ во петокот, честитајќи им го празникот на Украинците, Владимир Велики пред 1029 години донел судбоносна одлука – да ја покрсти Рус-Украина.
Според зборовите на Порошенко, Владимир ја примил христијанската вера од Константинополската црква, која „за нас и сега претставува Црква-Мајка“.
„Токму од неа очекуваме признавање на автокефалноста на украинската Црква – еднаква на другите помесни православни цркви. И, се разбира, духовно и административно независна од Москва, од земјата-агресор“, изјави Порошенко, пренесува „Взгљад“.
На крајот на честитката претседателот на Украина не заборави уште еднаш да изјави дека „изборот на христијанската вера од страна на кнезот Владимир бил и европски избор“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче