„На почетокот на оваа година германскиот автомобилски гигант „Дајмлер“ потпиша договор со руско министерство за изградба на фабрика за производство на автомобили „Мерцедес“ за 300 милиони евра. И тоа во Русија која е под санкции, која „гние“. Во диктаторска земја, каде инвестициите се 100 пати позаштитени отколку во „демократска“ Украина“, напиша Аронец на својот профил на „Фејсбук“.
Парламентарецот исто така истакна дека претставници на „Дајмлер“ биле во Украина, „но, го видоа сето тоа и ја избраа диктаторска Русија“.
Во понеделникот ирската нискобуџетна компанија „Рајанер“ го откажа планираното излегување на украинскиот пазар поради тоа што киевскиот аеродром „Бориспол“ не го исполнил претходно постигнатиот договор.
Во февруари Министерството за индустрија и трговија на Русија соопшти дека компанијата „Дајмлер“ ќе вложи за девет години не помалку од 15 милијарди рубли во проектот за фабрика на „Мерцедес“ во Подмосковје, во која ќе биде создаден целосен циклус на производство на патнички автомобили и теренци од премиум сегментот. Претпријатието ќе врши, меѓу другото“, заварување, фарбање и склопување на возила, и ќе се занимава и со синџир на логистички операции. Фабриката ќе биде лоцирана во близина на Шереметјево, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче