Мерцедес ќе се склопува во Русија

Плановите што ги направија двете страни исто така предвидуваат локализација на моторот и на другите компоненти на Mercedes-Benz Sprinter во Русија. Извор: Reuters.

Плановите што ги направија двете страни исто така предвидуваат локализација на моторот и на другите компоненти на Mercedes-Benz Sprinter во Русија. Извор: Reuters.

Во втората половина на 2013 година во Русија ќе започне сериско производство на лесниот комерцијален автомобил Mercedes-Benz Sprinter. Договорот за реализација на овој проект беше постигнат минатото лето во Санкт Петербург на Меѓународниот економски форум.

Рускиот автомобилски пазар ниту од далеку не ги живее своите најдобри времиња. Двозначниот пораст на продажбата на нови лесни и лесни комерцијални автомобили кој беше забележан во 2011-2012 година е заменет со стагнација. Во март 2013 година во Русија се продадени 4% помалку нови автомобили одошто во истиот месец минатата година. Тоа сосема го засени бледиот пораст на продажбата во јануари и во февруари.

Во сферата на продажба на лесни комерцијални автомобили работите одат во нагорна линија 

Секако, за учесниците на проектот за склопување на автомобилот Mercedes-Benz Sprinter во Русија – германскиот автомобилски концерн Дајмлер и најголемиот производител на комерцијални автомобили во Русија „ГАЗ“ – во сферата на продажба на лесни комерцијални автомобили работите одат во нагорна линија. Според податоците на АЕВ, резултатите од првиот квартал на 2013 година покажуваат дека „ГАЗ“ успеал да продаде без малку 17 илјади нови автомобили, а во Русија германскиот автоконцерн ја зголемил својата продажба за 24%. Секако, во апсолутни цифри за него показателите се многу поскромни – само 835 нови автомобили во првите три месеци од годинава. За споредба, земјакот на германскиот концерн „ Фолксваген АГ“ има намалување на продажбата за првите три месеци од годинава за 4%, ни биле продадени 3466 автомобили од класата LCV. 

Наскоро Дајмлер ќе може суштествено да го зголеми својот удел на пазарот. Минатото лето во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, чиј партнер е Mercedes-Benz, германската компанија и „Групата ГАЗ“ потпишаа спогодба, која дава можност за реализација на проект за производство на автомобилите Mercedes-Benz Sprinter во фабриката за автомобили „ГАЗ“ во Нижни Новгород. Инвестициите од страна на концернот Дајмлер за адаптација на производот, за производните процеси и за дистрибутивната мрежа е над 100 милиони евра, ГАЗ инвестира повеќе од 90 милиони евра. Производствената моќ ќе биде 30 илјади автомобили годишно.

Во новиот комплекс ќе се склопува Sprinter од претходното поколение, кој е ориентиран на делот од пазарот што ја држи средната сцена 

Плановите што ги направија двете страни исто така предвидуваат локализација на моторот и на другите компоненти на Mercedes-Benz Sprinter во Русија. Во рамките на реализацијата на дадениот проект на ГАЗ се врши и изградба на нов комплекс за склопување и заварување, како и за бојадисување. Сериското производство на автомобилите ќе започне во втората половина на 2013 година, соопшти за „Руска реч“ претставникот на Дајмлер во Русија Андреј Родионов. 

Во новиот комплекс ќе се склопува Sprinter од претходното поколение, кој е ориентиран на делот од пазарот што ја држи средната сцена. Sprinter од последното поколение, кој се произведува во Дизелдорф, Дајмлер ќе продолжи да го извезува од Германија. Во буџетниот дел на лесните комерцијални автомобили во Русија апсолутно доминира производот на „ГАЗ“, автомобилот „Газељ“. „Сметаме дека ќе имаме големи нарачки, зашто автомобилот што ќе го склопуваме во Нижни Новгород, е наменет како за патнички превоз, така и за товарен превоз“, изјавува Родионов.

Благодарение на соработката со ГАЗ Sprinter нема да има проблем со излегувањето на пазарот, смета аналитичарот на „Инвесткафе“ Андреј Шенк. „Имајќи го предвид фактот дека капацитетот на фабриката е околу 25 илјади автомобили годишно, овој модел ќе треба да заземе 12-13% од пазарот во текот на следните три години, доколку порастот на пазарот продолжи во рамките од 3 до 4%“, објаснува експертот. 

Оваа година Дајмлер планира да ја продолжи поддршката на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург кој ќе се одржи од 20 до 22 јуни. Се планира ли потпишување на нови договори, во компанијата не прецизираа, но затоа објасни дека Форумот за нив е повеќе одошто место за преговарање. “Традиционално ние даваме целосен спектар на транспортни услуги. Ние нудиме повеќе од 200 автомобили, првенствено од Ѕ-класа, а исто така и Е-класа и комбиња“, вели Родионов. Освен тоа, овој проект дозволува по неговото завршување да се реализира поголем дел од автомобили со километража. „Во голем степен овие автомобили, кои одат на форумот, се продадени пред неговото започнување“, вели тој.

Дајмлер не е единствен странски партнер на најголемиот руски производител на комерцијални автомобили и, во советското минато, автомобили за раководители на претпријатијата и за апаратчики – Волга. Сега компанијата соработува со Фолксваген (тука од неодамна излегува автомобилот Шкода Јети) и General Motors. „Индустриските партнерства на „Групата ГАЗ“ дава можност за модернизација на 200 илјади квадратни метри производствен простор на претпријатието. Вкупниот обем на инвестициите заедно со партнерите во меѓународните проекти на компанијата е околу 500 милиони евра“, велат од компанијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња