„Маша и мечокот“ наречени закана за националната безбедност на Украина

Активистите на невладината организација од Одеса Совет за општествена безбедност бараат рускиот цртан филм „Маша и мечокот“ да се забрани во Украина и по тој повод се обратија до Врховната Рада.

Иницијаторите на предлогот за забрана за прикажување на рускиот анимиран филм на сите телевизии и интернет-ресурси го сметаат „Маша и мечокот“ за пропаганден медиски производ од Русија.

„Руските пропагандисти им праќаат на децата јасна порака, мечката која традиционално се смета за симбол на Русија и асоцира на таа земја, е претставена како голем и силен јунак кој неказнето граба туѓ имот, куќа и земја“, се вели во обраќањето на Советот, пренесува „Взгљад“.

По стапувањето во сила на законот за заштита на информативниот простор во Украина во 2015 година беа забранети повеќе од 600 руски филмови.

Цртаниот филм „Маша и мечокот“ беше критикуван на почетокот на годината и од министерот за просвета на Грузија Алексадар Џаџелава, познат противник на советските и руските бајки. „И мене не ми се допаѓа кога грузиските деца седнуваат пред компјутер и ја гледаат бајката „Маша и мечокот“. Потоа ќе се чудиме кога ќе имаат позитивен однос спрема Русија. Тоа што децата на таа возраст го усвојуваат, подоцна сериозно влијае на целиот нивен живот и мислење“, изјави тој.

И во Естонија неодамна беше критикуван „Маша и мечокот“, каде професор на Универзитетот во Талин го нарече „пропаганда на мека воена сила“. Литванија исто така го смета анимираниот филм за пропаганда

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња